Connect with us

Македонија

Непозната жена пронајдена мртва во Вардар

Published

on

Вчера околу пладен во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, во водите на реката Вардар бил забележан женски труп.

Од екипа на противпожарната единица Скопје телото било извадено од реката и по наредба на Јавен обвинител било предадено за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот, велат од МВР.

Македонија

Ноќно скијање и снежни авантури во Ски-центарот Стрежево

Published

on

Снежната магија продолжува! Овој петок (27 декември) Ски-центарот Стрежево повторно организира ноќно скијање од 19 до 22 часот. Идеална можност за сите љубители на зимските спортови да уживаат во уникатното искуство на осветлените патеки.

За дополнително уживање, нашата чајџилница утре (четврток) ќе биде отворена од 8 до 16 часот, нудејќи топли напивки за вашите снежни моменти.

Подгответе ја вашата ски-опрема и повелете во Ски-центарот Стрежево за незаборавни зимски авантури.

Continue Reading

Македонија

Тетовското комунално претпријатие конечно ги исплати заостанатите плати

Published

on

Вработените во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ конечно ги добија платите што им доцнеа за четири месеци – август, септември, октомври и ноември. Исплатата е овозможена благодарение на одлуката на Советот на Општина Тетово, кој на седница одржана на 11 декември, одобри покривање на загубите на претпријатието со износ од 60 милиони денари (приближно 970.000 евра). Со оваа сума, покрај заостанатите плати, ќе бидат покриени и долговите за здравствено и пензиско осигурување на вработените.

„После повеќе од три години, од 2021 година наваму, конечно добивме редовна исплата. Ова е првпат да имаме редовна плата за ноември,“ изјави Мирослав Симоски, раководител на секторот за православните гробишта.

Проблемите со доцнењето на платите го следеа претпријатието веќе три години, а вработените неколкупати организираа прекини на работата барајќи исплата на заостанатите средства и придонеси. Недостигот од здравствено осигурување беше особено тежок, бидејќи вработените сами ги подмируваа трошоците за лекови и медицински услуги поради честите повреди на работното место.

За да се надмине финансиската криза и големиот долг, на почетокот на годината „Тетово“ беше преструктурирано. Новоформираното претпријатие „Шари“ ги презеде водоводот и канализацијата, додека управувањето со отпадот беше доверено на словенечката компанија „Саубмахер“ преку приватно-јавно партнерство. Претпријатието „Тетово“ задржа сектори како што се Јавна чистота, Зелен пазар, Православните гробишта и Паркови и зеленило.

Continue Reading

Македонија

Финансиска полиција: Се проверува потеклото на имотот на поранешен судија, се анализираат тендерите на ЕСМ од 2021-2022

Published

on

Слободан Ивановски, в.д. директорот на Управата за финансиска полиција, во интервјуто „Фактор“ открива дека веќе се започнати две иницијативи за проверка на потеклото на имотот на поранешни функционери, од кои еден бил доскорешен судија. Се работи на повеќе предмети, а веќе е одземена документација од ЕСМ за спроведени сомнителни јавни набавки во периодот 2021-2022, вели тој во интервјуто.

Законот за конфискациjа на имот во граѓанска постапка,со кој од функционери и граѓани ќе се одзема сопственост што не може да се докаже дека е стекната законски, датумски веќе е во примена.Кои се належностите на Управата за финансиска полициіа во примената на овој законски акт?

Ивановски: Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е во примена и се спроведува од месец септември. Кога јавниот обвинител има сомневање за кривично дело, но нема доволно докази за кривично гонење или кривичното гонење не довело до осудителна пресуда, а оцени дека постои разумно сомневање дека имотот не бил стекнат од законски извори, доставува иницијатива до Управата за финансиска полиција. Ние сме надлежни за прибирање на податоци за имотот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори. Вршиме идентификување, откривање и лоцирање на имотот кој е предмет на постапката. Исто така, ги собираме, обработуваме и анализираме податоците за утврдување на вредноста на имотот. 

Доколку утврдиме дека постои несразмерност меѓу нето вредноста на имотот и расположливите, законити и пријавени приходи за стекнување на имотот, доставуваме извештај до Јавното обвинителство.

Целиот текст на faktor.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк