Хрватка ОДИ НА ЕВРОПСКО ВО С*КС: Ќе трае два месеци, еве други детали (ФОТО)

Европското првенство во секс за прв пат се организира во Шведска, а таму ќе настапи и 27-годишната Хрватка Марија Задравец.

„Натпреварот го започнуваме затоа што сакаме да укажеме на подреденоста на жената во општеството. Жените се стигматизирани со години. Сексот е еден од ретките спортови во кои жените се еднакви, ако не и подоминантни од мажите“, наведуваат на официјалната страница на овој натпревар.

„Натпреварот се одржува во Гетеборг. Организатор е Шведската сексуална унија. Швеѓаните гледаат на сексот како спортска дисциплина. Како добив место на натпреварот? Минатата година настапив на саемот за еротика во Љубљана, каде што запознав моќни луѓе од порно индустријата Јас сум единствената порно актерка во Хрватска па добив покана да ја претставувам Хрватска“, рекла Марија, а потоа објаснила како изгледа самото натпреварување.

„Ќе трае два месеци. Ќе има по 10 мажи и 10 жени. Ќе нè сместат во куќа, ќе снимаме од 0 до 24 и луѓето ќе можат да го гледаат шоуто. Нешто како Големиот брат. Категориите во на кои ќе се натпреваруваме се заведување, масажа, масажа во ерогена зона, предигра, орален секс, пенетрација, издржливост, изглед, позирање, креативност…“, објасни таа.

„Натпреварот ќе трае 45 минути дневно. Секој натпреварувач избира личност со која сака да се натпреварува во одредена категорија тој ден. Значи, нема да имам постојан партнер, туку ќе го изберам оној кој мислам дека ќе биде добар во одредена категорија“, додаде Марија.