ПАЗЕТЕ СЕ ОД ЗМИИ, сезоната почна – нова змија на кеј на Вардар (Видео)

Топлото време ги раздвижи змиите, излегуваат на жешкиот бетон и сѐ почесто може да се сретнат и во градовите.

Голема змија е забележана на кејот на реката Вардар во Аеродром во близина на „Три Бисери“.

Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но на граѓаните им се советува посебно во овој период од годината да бидат внимателни и да ги пазат децата и нивните миленичиња посебно во деловите крај зеленило и вода.

Не обидувајте се да ја фатите змијата доколку ја видите препорачуваат познавачите.

Змија на кеј на Вардар во Скопје – топлото време ги раздвижи змиите