Децата немаат САПУН во школо, ама затоа директорката си нарачувала РАКИЈА и храна од буџетот на училиштето (Фото)

Родителите од градинката „Детска радост“ во општина Гази Баба, Скопје, формираат иницијативен одбор од пет преставници кои во следниот период ќе организираат активности за искажување на незадоволството од повторното именување на директорката Анета Петровска од страна на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска – пишува А1он.мк.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски ја разреши директорката на детската градинка „Детска радост“ поради незаконско работење утврдено во извештај на независен ревизор, но министерката со преземање на ингеренциите повторно ја назначи за директор.

Родителите до медиумите доставија писмо до медиумите во кое се и сметките за сите трошоци до до кои претходно дојде „А1он“.

Направени се трошоци за репрезентација, односно ако се видат фискалните сметки се забележува дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење.

Извршена е набавка на мебел во детската градинка за кабинетот на менаџментот, но според донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка, а службеното возило на градинката се користело за приватни цели.

„Службеното возило кое го има купено градинката со намена да разнесува храна за децата низ клоновите било злоупотребувано и истото се користело за приватни потреби. Во прилог Ви доставуваме и службени налози за користење на автомобилот во кој како дестинација за движење стои Петровец, местото каде што живее директорката“, тврдат родителите.

„Сите ние родителите на децата кои се згрижуваат во градинката Детска радост секојдневно сме должни со носењето на нашите деца да носиме и средства за хигиена (течен сапун), тоалет, влажни марамици, пластички чаши и слично.

Нема пари за нашите деца да се купат потребните работи за нормална грижа врз нив, но секако има пари за луксузен мебел за менаџментот, ручеци проследени со алкохол и за скапи бајадери.