Connect with us

Македонија

Денеска и утре е Задушница: Чест и молитва за душите на починатите

Published

on

Православните христијани во денес и утре ја празнуваат Задушница, а во недела Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.

Доколку на гробот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

Македонија

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој досега бил на лекување

Published

on

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во клубот “Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по прв пат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување.

Како што се наведува во соопштението, замената на мерките е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција.

Освен ова, се додава, за првпат по настанот побарани се мерки за претпазливост за уште едно лице од првата група осомничени, кое до сега било на лекување.

-Станува збор за лице од дискотеката, а мерките се предложени во согласност со неговата моментална здравствена состојба и потребата од натамошно лекување, стои во соопштението од Кочанското Јавно обвинителство.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица.

Извор: Курир

Continue Reading

Македонија

Огромни колони на „Богородица“ за влез во Грција – еве што се случува во моментов таму

Published

on

Голем метеж на „Богородица“ – патниците чекаат и до 40 минути за влез во Грција

Продолжениот викенд и Велигденските празници создадоа вистинска гужва на граничниот премин „Богородица“, каде што денеска се формираа долги колони од возила. Голем број граѓани решија да ги искористат неработните денови за краток одмор во Грција, што предизвика зголемена фреквенција и подолго чекање на граница.

Иако официјалните податоци на АМСМ наведуваат дека времето на чекање на „Богородица“ и „Дојран“ се движи од 10 до 15 минути, патници кои се на терен пријавуваат дека реалното задржување на „Богородица“ надминува и 40 минути.

Од АМСМ утрово информираа дека на „Табановце“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува 20 до 30 минути, што дополнително ја потврдува зголемената сообраќајна активност на граничните премини.

Главната причина за метежот е продолжениот викенд, бидејќи понеделник е неработен ден. Граѓаните очигледно го искористија празничниот период за кратко патување и релаксација надвор од државата, со што се создадоа застои кои не беа целосно очекувани според официјалните прогнози.

Continue Reading

Македонија

Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

Published

on

Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава.

Веднаш биле преземени мерки од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово и поради сомнение за стоирен прекршок биле одземени патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки управувано од М.В.(20) од село Долнени, прилепско и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(21) од Тетово. По целосно документирање на слуајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк