Connect with us

Свет

Светот е шокиран – Прва насловна страна со БРЕМЕН МАЖ! (Фото)

Published

on

Бремениот трансроден маж, Логан Браун, позираше за насловната страница на изданието „Прајд“ (Pride) на магазинот „Гламур“. Во самиот наслов пишува:

„Јас сум бремен транс маж и постојам. Што и да каже некој, јас сум жив доказ.“

Свет

Нова закана за Русија: ЕСТОНИЈА ДОБИ ШЕСТ РАКТНИ СИСТЕМИ ОД САД

Published

on

Eстонија доби шест американски ракетни системи ХИМАРС, соопшти денеска естонскиот центар за одбранбени инвестиции.

Мобилниот ракетен систем со дострел до 300 километри и е предаден на естонската армија во воздухопловната база Амари, соопшти Центарот.

„Стигнаа! Ова ја зајакнува не само естонската одбрана, туку и безбедноста на целата Алијанса“, објави естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахна.

ХИМАРС (High Mobility Artillery Rocket System) е артилериски систем од повеќецевни ракетни фрлачи поставени на лесен камион. Може да лансира различни видови ракети, вклучувајќи ракети со дострел до 80 километри и тактички проектили со дострел до 300 километри.

Continue Reading

Свет

Пожарите продолжуваат да го пустошат Израел

Published

on

Противпожарната служба соопшти дека 155 противпожарни екипи продолжуваат да се борат со големите пожари, а авионите се враќаат за да помогнат во гаснењето на пламенот по изгрејсонцето.

Воздушните снимки од местото на пожарите што избувнаа надвор од Ерусалим вчера и денес покажуваат огромни површини земјиште уништени од пламенот.

Во оваа фаза, сè уште не сме ги ставиле пожарите под контрола“, се вели во соопштението на Израелската противпожарна и спасувачка служба.

Се наведува дека се повредени 17 пожарникари, вклучувајќи двајца кои се однесени во болница.

Пожарникарите сè уште се борат со пожари на 11 локации во предградието на Ерусалим, соопшти Противпожарната и спасувачка служба. Седум градови сè уште се евакуирани.

Во операцијата учествуваат 10 противпожарни авиони, заедно со 119 противпожарни екипи, се вели во соопштението.

Противпожарната служба додава дека осум противпожарни авиони од Кипар и Италија треба да пристигнат денес.

Медицинскиот центар „Хадаса“ во Ајн Керем соопшти дека се вратил на целосна рутинска активност откако беше оценето дека повеќе не е во опасност од пламенот што гори во близина на Ерусалим.

Continue Reading

Свет

Русите жестоко ја нападнаа Одеса: Има мртви, згради во пламен

Published

on

Во напад со руски беспилотни летала врз Одеса во текот на ноќта загинаа две лица, а петмина беа ранети, соопшти гувернерот на регионот, Олех Кипер. Нападот предизвика бројни пожари, а оштети и станбени згради и училиште.

„Две лица загинаа, а петмина беа повредени во нападот. Лекарите им пружаат секаква потребна помош на повредените“, објави Кипер.

Цели на нападите биле станбени облакодери, едносемејни куќи, супермаркет, училиште и автомобили. Кипер објави дека на терен се поставени шатори за да им се помогне на жртвите и дека пожарникарите ги гаснат пожарите што избувнаа на неколку места во градот.

Русија редовно ги напаѓа украинските градови со ракети и беспилотни летала. Само еден ден претходно, најмалку три лица беа убиени, а 70 повредени во руски напади.

Нападот врз Одеса се случи само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави таканаречената хуманитарна иницијатива: прекин на огнот што е закажан да започне на 8 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк