TAA Е “НАЈЖЕШКАТА“ МАЈКА НА ПЛАЖА (Фото)

Една од најатрактивните манекенки и актерки, Емили Ратајковски има 32 години и тело на кое би позавиделе многу жени. Таа е секогаш подготвена за плажа, а исто така е позната и како жената со најубав задник во Холивуд.

По породувањето, Ратајковски веднаш ја довела својата фигура до совршенство, но потребни биле многу одрекувања за да го добие затегнатото тело и топ формата.

Сепак, нејзината храна не се базира исклучиво на диетални производи, а на нејзиното мени секогаш можете да најдете нешто калорично.

Појадок

За појадок најчесто ја јаде омилената торта и пие кафе.

Ручек

Вториот оброк во денот е нутритивно побогат и подобро осмислен, па Емили изјавила дека во повеќето случаи јадела салата или евентуално сендвич, но признала дека може да се контролира и дека води грижа да се чувствува добро после оброците. Таа исто така кажала дека сака да пие сок од зеленчук со својот оброк, како сок од цвекло или куркума.

Вечера

Кога станува збор за вечерата, таа истакнала дека многу ретко ја приготвувала одма. Наместо тоа, тој оброк и била резервиран за излегување и дружење, претпочитајќи лесни опции како суши, со некое добро вино или коктел. Генерално, таа ја опишала својата исхрана како избалансирана. Да, понекогаш имала желба за печиво или мафин повеќе од што било на светот, но потоа ќе се погрижи другите оброци да бидат квалитетни.

Рутина за вежбање

Можеме да забележиме дека, иако можеби исхраната на Ратајковски не е идеална, таа сепак се грижи за истата. Но, многумина би помислиле дека својот добар изглед веројатно го должи пред сè на ригорозните тренинзи и часовите поминати во теретана.

Меѓутоа истакнала дека сепак не е личност која сака приватни тренинзи или затворени простори. Наместо тоа, таа ја користела секоја слободна прилика да оди на планинарење во околината на Лос Анџелес, а посетувала и часови по јога, но само еднаш неделно.