Како Нетфликс без срам и историска почит ја направи КЛЕОПАТРА ЦРНКИЊА (ВИДЕО)

Документарната драма на Нетфликс, која ја прикажува египетската кралица Клеопатра како црна Африканка, предизвика контроверзии во Египет, пренесува 24sata.hr.

Адвокат поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обид да го „избрише египетскиот идентитет“, а најпознатиот египетски археолог инсистира дека Клеопатра била „светла кожа, а не црна“.
Дури и продуцентите на оваа драма велат дека потеклото на Клеопатра е сомнително.

Клеопатра е родена во Александрија во 69 п.н.е. и била последната кралица од династијата основана од Птоломеј, генерал на Александар Македонски. Птоломејската династија зборувала грчки.

Идентитетот на мајката на Клеопатра е непознат, а историчарите веруваат дека е можно таа да била домородна Египќанка или од некој дел на Африка.

Келопатра во серијата на Нетфликс ја игра Адел Џејмс, која е од мешана раса и африканско потекло. Продуцентите велат дека тоа е одраз на „вековната дебата за расата на Клеопатра“.

Queen Cleopatra | Official Trailer | Netflix

Џејда Пинкет Смит, американска актерка која е наратор и продуцент на оваа драма, рече: „Не гледаме или слушаме често приказни за црните кралици, и многу е важно јас и мојата ќерка и нашата заедница да знаеме за такви приказни.

Захи Хавас, истакнат египтолог и поранешен министер за антиквитети, тврди дека тоа е измислица.

„Тоа е целосна лага. Клеопатра била Гркиња, што значи бела“.

„Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење лаги дека потеклото на египетската цивилизација е црно“, рече тој.

Адвокатот Махмуд ал Семари побара од државниот обвинител да преземе „неопходни правни мерки“ за да го блокира пристапот до услугите на Нетфликс во Египет. Тој го обвини Нетфликс дека промовира афроцентризам и го брише египетскиот идентитет.