Во Бутел со експлозив разнесен банкомат

Утрово во скопската населба бутел со експлозив бил разнесен банкомат. Инцидентот се случил улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, а засега нема информации за повредени.

Како што велат очевидци, полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.

Банкоматот на кој бил поставен експлозивот бил на „НЛБ банка“.

Од МВР информираат дека утрово во 3:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.

-Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.