Грабеж во Стопанска банка во „Беверли“ во Скопје, маскиран им ги зел парите и избегал

Грабеж утринава се случил во Стопанска банка во трговскиот центар „Беверли“ во населбата Капиштец во Скопје.

Според информациите во банката влегло маскирано лице кое било вооружено со пиштол. Со закана кон вработените, со пиштол вперен кон нив, побарал да му ги дадат сите пари, по што лицето избегало со пленот.

Очевидци за А1он сведочат дека сите вработени од банката излегле надвор, а веднаш стасала и полицијата и екипи на крим техника кои вршат увид. Информацијата за А1он ја потврди и МВР, но засега не споделуваат повеќе детали.