„Македонијо во срце те носиме“ – ќе ја обои Македонија во најубавите звуци

„Македонијо во срце те носиме“, е насловот на новиот музички проект во кој на едно место се ставени 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика.

Нашите патриотски песни ја чуваат вистината за нашето потекло, за нашата борба, за борбата на нашите најголеми херои и нивната жртва токму затоа и идејата ни беше да им го продолжиме векот на песните и да ги доближиме до младите луѓе, кои, за жал, сѐ поретко растат со македонска музика. Идејата на овој проект е да го обедини македонскиот народ во вистината која носат овие патриотски песни, на кои сакаме да им дадеме свој печат, своја емоција. Поделби не ни требаат“, рече на денешната прес-конференција Бојана Скендеровски, која воедно го најави и концертниот караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци.

Планирано е да се одржат концерти во неколку македонски града, а завршниот е закажан за во Скопје.