Сопругата на Апасиев: Зошто ништо не функционира во држвава?

Зошто ништо не функционира во држвава?

Затоа што ги тргаат на страна оние кои умеат и знаат, а ги ставаат на нивно место оние кои слушаат или немаат никаков авторитет, ама не и задолжително знаат и умеат.

Така добиваме погрешни луѓе на клучни места, без никаков потенцијал за управување со истите.

Така дополнително тонеме и забрзано ги бркаме луѓето од државата.

Кој сака да живее во НЕфункционално и селективно општество!?

Ако ова не е намерно сценарио, тогаш е производ на комплетни лудаци, со кои сите заедно ќе завршиме во провалија.

Правите луѓе, на прави места… и ќе има надеж за државава.

А правите луѓе, си ги бирате на избори.
Не паѓаат од небо.

Кому му даваме моќ, тој ќе креира политики; тој ќе одлучува за луѓето.

Затоа, кога ќе си помислите бојкот, или избор на некој од досегашните испеани песни и кримоси, сетете се дека какви ќе си изберете, такви ќе ви одлучуваат, така ќе си живеете, вие, вашите деца, вашите роднини, пријатели, наставници, лекари, работници…

Затоа, подразмислете троа, пред да одлучите.