Тејлор Свифт проголта бубачка среде концерт (ВИДЕО)

За време на говорот, пејачката наеднаш почнала да кашла и ја ставила раката преку устата, а потоа ја известила публиката: „Голтнав бубачка, извинете“. Тогаш таа се насмеа и рече: „Добро сум, ова е толку глупаво. Вкусно. О, Боже. Има ли шанси никој од вас да не го видел ова?“

Видеото стана вирално и собра стотици илјади прегледи на социјалните мрежи.

„Најсмешно е колку сите се тивки“, напишал еден обожавател, додека еден тиктокер коментирал: „Всушност можете да ги видите инсектите како летаат низ воздухот“.

@scariestgirluknow

“Delicious” @Taylor Swift the Eras Tour @Taylor Swift #erastour #erastourtaylorswift #taylorswift #chicagon3

♬ original sound –

„Ова е моето омилено нешто што ѝ се случило досега“, напишал друг обожавател, а бројни тиктокери коментирале дека пејачката одлично се справила со тешката ситуација.

За потсетување, нејзината турнеја е полна со вирални моменти. Некои обожаватели отидоа дотаму што носеа пелени на концертот за да не пропуштат ниту еден момент, а неодамна се појавија обожаватели кои тврдат дека не се сеќаваат на концертот.