Connect with us

Македонија

Попоски со временска за летово: Ќе имаме доста нестабилно лето без поголеми топлотни бранови (Видео)

Published

on

Нестабилното време што го имаме подолг период наназад ќе продолжи и понатаму, изјави денеска во гостувањето во емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио метео прогнозерот Славчо Попоски.

Атмосферата ќе биде нестабилна, со честа појава на попладневен локален, на некои места пороен дожд, грмежи и засилен ветар – пренесува Охрид прес.

Македонија

Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на Конгрес на ЕПП каде порача дека процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми, ова не е услуга што се дава произволно, туку е праведно признание за напорите и реформите.

-Голема привилегија е да се обратам пред вас денес на Конгресот на ЕПП – меѓу колегите лидери кои се посветени на вредностите на слободата, демократијата и одговорното владеење. Нашиот собир ја нагласува заедничката визија: Европа обединета со принципи, зајакната со солидарност и водена од заслуги. Мојата Влада останува длабоко посветена на конзервативните вредности: вредностите на семејството, одговорноста, економската слобода и почитувањето на владеењето на правото. Од овие принципи сме водени дома и го инспирираат нашиот ангажман со Европа. Замислуваме заедничка европска иднина, цврсто стоиме на овие трајни вредности. Сепак, искреноста ме принудува отворено да се осврнам на предизвиците со кои се соочуваме. Европскиот проект ветува еднаквост, правичност и можности – но, понекогаш, ние доживуваме поинаква реалност. Нашиот народ, гордите македонски граѓани кои ги претставувам, од прва рака ја почувствуваа тежината на двојните стандарди. Стандарди кои ја поткопуваат довербата, го намалуваат ентузијазмот и ризикуваат да го ослабат самиот европски дух што го застапуваме, рече премиерот.

Мицкоски посочи дека македонската нација направи значителни жртви и реформи, цврсто посветена на нашиот европски пат.

-Сепак, постојано бевме сведоци на менување на целите и дополнителни услови, кои се применуваат селективно, прикривајќи ја транспарентноста и правичноста што ги ветува Европа. Овој пристап не ја зајакнува Европа – го слабее нашиот колективен кредибилитет и ги намалува нашите заеднички цели. Од клучно значење е лидерите на ЕПП, и во институциите на ЕУ и во земјите-членки, да станат движечка сила зад проширувањето на Западен Балкан во Европската унија. Вашето лидерство и проактивен ангажман значително ќе го подобрат кредибилитетот и ефективноста на процесот на проширување. Јасно да кажеме: интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија не е само чин на добротворност – тоа е стратешки императив. Тоа обезбедува мир, стабилност и безбедност не само за нашиот регион, туку и за цела Европа. Процесот на пристапување мора да остане заснован на заслуги, воден од јасни критериуми и транспарентни проценки. Ова не е услуга што се дава произволно, туку е праведно признание за напорите и реформите, рече тој.

Премиерот порача дека цврсто верува дека нашата колективна иднина лежи во обединето европско семејство.

-Наша заедничка одговорност е да го поддржуваме интегритетот на овој процес, потврдувајќи ја нашата посветеност на правичност и еднаквост. Македонскиот народ заслужува да види дека неговата посветеност и жртви вистински се почитуваат и се признаваат. Заедно, да ја обновиме нашата посветеност: Европа силна и обединета, изградена на вредности, доследност и меѓусебно почитување, посочи Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

„Вреди“ и официјално ќе делува како еден политички субјект

Published

on

Коалицијата „Вреди“ најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и соопшти дека отсега ќе делува како еден политички субјект.

Претседателството кое вечерва ја одржа првата средба, е првиот заеднички орган на Вреди.

Како што изјави лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, на следните средби на Вреди ќе бидат конституирани и другите органи на раководството.

-Претседателството на Влен е првиот заеднички орган на Влен. Од сега натаму Влен најавува мораторум на јавни политички активности на партиите што го сочинуваат и од сега натаму се ќе биде под името и логото на Влен. На следните средби Влен ќе ги конституира и другите органи на раководството како штабовите, локалните и централниот изборен штаб, истакна Касами.

Тој напомена и дека парламентарната група на Влен ќе продолжи со пратениците што ќе ја поддржат.

Првата средба на претседателството на Влен се одржа во просториите на „Алтернатива“ во Скопје и на неа, покрај Касами, присуствуваа и Изет Меџити од Демократско движење, Зеќирија Ибрахими од Алтернатива и независниот пратеник од Самоопределување Беким Ќоку.

Пред средбата Меџити уште еднаш рече дека Владата е стабилна и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори. Интензивно течат, дополни, подготовките за локалните избори во октомври на кои Вреди, освен со партиски, ќе настапи и со независни кандидати за советници или градоначалници, граѓани кои се професионалци во својата област. 

Continue Reading

Македонија

Меџити: Кичево дефинитивно ќе добие колекторски систем и пречистителна стапица

Published

on

По предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за реализација на проектот за подобрување на управувањето со отпадни води во Кичево.

На денешната прес-конфереција во Медиа-центарот на Владата,  првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека проектот опфаќа изградба на колекторски систем и секундарна канализациона мрежа и поврзување на постојната пречистителна станица.

‘Овој чекор го презедовме бидејќи граѓаните на Кичево го заслужуваат овој проект, а бидејќи уште на почетокот беа забележани проблеми со организацијата и капацитетот на изведувачот, бевме приморани да го раскинеме договорот со изведувачите кои и покрај бројните опомени и состаноци, не покажаа значителен напредок, и на 5.12.2024 година, беа поминати 21 од планираните за градба 24 месеци, а реализацијата беше само 17 отсто’, изјави Меџити.

Меџити информира дека во наредниот период преку повеќегодишна јавна набавка Министерството за животна средина и просторно планирање ќе обезбеди буџетски средства за овој проект, бидејќи предвидените ИПА средствата во рамки на Секторската оперативна програма за животна средина и климатски акции, програмски период 2014-2020 веќе нема да можат да се користат поради неисполнување на обврските од изведувачот.

Сo овие средства ќе се инвестира во над 20 локации, меѓу кои е и изградба на главен канализационен колектор Зајас – Кичево, кој ќе се простира од населеното место Зајас до влезот во град Кичево и проаѓа покрај Зајашка Река, а од постојни мрежи долж колекторот Зајас – Кичево постојат секундарни мрежи кои се комплетно изградени во местата Трапчин Дол, Горно и Долно Строгомиште. Овие секундарни мрежи ќе се поврзат на колекторот Зајас – Кичево.

Планирана е изградба на главен канализационен колектор Зајас – Кичево со должина околу 11 км. Истиот треба да ги прифати отпадните води од населбите Зајас, Грешница, Долно и Горно Строгомиште, Колибари, Длапкин Дол и Трапчин Дол. Отпадната вода од колекторот Зајас-Кичево оди кон станицата за третман и пречистување на отпадна вода.

Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација на овој проект ќе инвестира преку повеќегодишна јавна набавка над  милијарда денари (1.088.550.000) во текот на наредните четири години, 2025, 2026, 2027 и 2028 година.

Проектот опфаќа два договора – договор за градежни работи за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Кичево и договор за надзор над градежните работи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк