Connect with us

Македонија

Недела на сите светци

Published

on

Светата Црвка секој ден врши помен на своите светители. Но, бидејќи има угодници Божји кои се подвизувале незабележано, и не ѝ се јавно познати на Црквата, за да и нив не го остави без чествување, Светата Црква установила ден во којшто ги прославува сите што Му угодиле на Бога, во сите векови, за да не остане никој кого Таа не го прославува.

Да се извршува ова празнување во неделата после слегувањето на Светиот Дух е устроено затоа што сите светители станале и стануваат свети преку благодатта на Светиот Дух. Благодатта на Светиот Дух носи покајание и оставање на гревовите, таа воведува во борба со страстите и похотите и го овенчува тој подвиг со чистота и бестрастие. На тој начин се јавува нова твар, погодна за новото небо и за новата земја.

Да ревнуваме и ние да ги следиме светителиите Божји. Како тоа да го направиме нè поучува Евангелието во оваа недела на сите свети: тоа вели дека треба бестрашно да ја исповедаме нашата вера во Господа, да имаме љубов првенствено кон Него, да го подигнеме крстот на самоодрекувањето и срдечното разврзување од сè што нè сврзува со земјата. Да ставиме почеток на тоа што нѝ е укажано.

Македонија

Архиепископот Стефан упати честитка по повод  Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ

Published

on

Почитуван Реис Ул Улема,

Од свои име и од името на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Вам и на сите муслимани во нашата Татковина, ви го честитам завршувањето на благословениот Рамазан и настапувањето на Фитр Бајрам.

Рамазан е прекрасен пример дека човекот треба да живее не само за себе, туку, пред сѐ, за Бога и за своите ближни. Тоа браќата муслимани, во овој месец на духовно очистување, го покажаа со пост, со богобојазливост и со грижа и љубов кон другите.

Го молиме милостивиот и милосрден Бог да ги прими усрдните молби на сите свои чеда, дарувајќи ни мир, слога и заедништво.

Бајрам мубарек олсун!

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити честита Фитр Бајрам: Нашата заедничка работа ќе ги донесе своите плодови

Published

on

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, упати честитка до верниците со порака за солидарност, пожртвуваност и заедничка работа за општото добро.

„По еден месец посветеност, пожртвуваност и размислување, Фитр Бајрам доаѓа како божествен благослов и награда. Како што постот не научи на трпение, воздржаност и посветеност, така и нашиот заеднички напор за општо добро бара посветеност, трпение и пожртвуваност,“ напиша Меџити.

Тој истакна дека во текот на Рамазанот се работело за зајакнување на верата, изградба на заедничка визија и надминување на предизвиците со мудрост.

„Фитр Бајрам нè потсетува на важноста на солидарноста, а исто така нè инспирира да го трансформираме овој дух во конкретни дела за нашето општество,“ додаде тој.

На крај, Меџити порача: „Среќен Бајрам! Божјиот мир, милост и благосостојба нека биде врз вас, врз вашите семејства и врз сите оние кои работат за општо добро!“

Continue Reading

Македонија

Македонија во очекување на нови поројни дождови, грмежи и невреме

Published

on

Најмалку до четврток (3 април 2025) во Македонија ќе продолжи периодот на многу променливо и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено и пообилни). Локално пак ќе има развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на поројни врнежи, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Ќе има услови и за појава на поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме) проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. На планините пак над 1600/1700 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

И во Скопскиот регион продолжува променливото и нестабилно време со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде кај нас ќе надминуваат 10 степени, на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу 15 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачуваа до околу, или близу 20 степени.

Да напоменам дека за време на овој период локално повторно во нашата Македонија ќе наврнат нови над 25/30 литри дожд на метар квадратен, што значи очекуваме уште повеќе врнежи во следниот период. Во зоната на нестабилност можно е да наврне и поголемо количество на воден талог за кратко време, со што се можни локални поплавувања, поради очекуваното невреме, но и можните локални поплавувања, апелирам на поголема внимателност кај граѓаните.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк