Connect with us

Македонија

Почина претседателот на ССМ Дарко Димовски

Published

on

Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство, соопшти денеска ССМ.

Погребот на Димовски ќе се изврши утре во 13 часот. Пријателите, соработниците, работниците, граѓаните ќе можат да се простат и да изразат сочувство од 12 часот во капела на градските гробишта Бутел.

Македонија

Важно ИЗВЕСТУВАЊЕ од СВР Тетово: Повеќе сообраќајници утре ќе бидат блокирани

Published

on

На 23-ти Декември (понеделник) во Тетово, по повод престојoт на официјална делегација предводена од Претседателот на големиот парламент на Република Турција, Секторот за внатрешни работи Тетово ќе воведе посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје во периодот од 5 часот наутро до завршувањето на официјалната посета. 

Во овој период ќе биде забрането паркирање на возилата од клучка Брвеница до Тетовски универзитет, потоа на булевар ,,Илинденска“ на потегот од крстосницата со улицата „Брвенечка кривина“ до „Шарена џамија“, по улица ,,Киро Ристоски – Дрнц“, улица ,,Луботенска“, до Арабати Баба Теќе, и по улицата „Ѓорче Петров“ и улица „Браќа Миладинови“. Потоа, булевар „Видое Смилевски Бато“ од кружен тек со булевар „Илинденска“ до улица ,,Фуштанска“ и обратно. 

Возилата кои ќе бидат затекнати паркирани на обележани паркинг места ќе бидат подигнати со специјално возило пајак и сопствениците ќе може да си ги земат без никакви надоместоци, додека тие возила што ќе бидат подигнати од недозволени места за паркирање ќе се соочат со законски мерки. Исто така, на сите други улици во градот, каде е веќе забрането паркирање, ќе се санкционираат и подигнуваат возилата со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот.

СВР Тетово со апел до граѓаните во понеделник – 23 Декември – да не се движат со возила во централното подрачје без поголема и неодложна потреба и да ги почитуваат и да постапуваат по наредбите и насоките на полициските службеници.

Continue Reading

Македонија

Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни адреси на Македонци

Published

on

Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја призна вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од Република Северна Македонија.

Истрагата утврди дека Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани , без тие всушност да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.

Во периодот 2016-2019 година, во селото Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани . Според истрагата, дел од регистрациите на адреси се вршени на непостоечки адреси, па дури и на празни полиња без достапни згради.

Иако голем дел од фиктивно пријавените македонски државјани веќе се одјавени од селото Рилци , проблемот со лажните адреси во регионот продолжува. Во соседното село Бело Поле се уште има повеќе од 10.000 македонски граѓани , кои мештаните никогаш не ги виделе.

Continue Reading

Македонија

Македонски лекари херои: Спасуваа животи по нападот во Германија

Published

on

„Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски“ – вака гласи известувањето од македонската амбасада во Германија по несебичната помош што овие двајца македонски доктори го направија за да им помогнат на повредените по синоќешниот напад во германскиот град Магдебург, кога Саудиец со автомобил влета во толпа луѓе кои присуствуваа на новогодишен пазар.

„Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора“ – велат од македонската Амбасада во Германија.

Најмалку пет лица загинаа вклучувајќи и дете во вчерашниот напад на божиќниот пазар во Магдебург, Германија.

Според градските власти повредени се околу 200 лица.

Лицето кое влета со автомобил на саемот во толпа луѓе е приведено.

Гувернерот на покраината истакна дека осомничениот е доктор од Саудиска Арабија кој живее во Германија од 2006 година.

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк