Connect with us

Македонија

(Видео) СЕ СКАРАЛЕ ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА, ПА ГИ ПУКАЛ СО ПИШТОЛ – откако убил еден сосед, а другиот го ранил си сварил кафе и ја чекал полицијата во својот дом

Published

on

Се скарале за канализација. Едниот сакал, другиот не давал да се приклучи. Бизарна причина однесе млад живот, откако вчера убиство и обид за убиство ги потресе жителите на општина Градско.

Трагедијата се случи во планинското село Подлес, кога 42-годишниот Миле Димов со својот две години постар другар и двајцата велешани, работеле на неговата викендица која ја градел таму.

Но, на соседот, 61-годишен жител на Подлес, кој живеел сам, тоа му пречело, па меѓу нив имало расправии. Така било и вчера, околу 16 часот, кога повозрасниот им се заканил на двајцата другари, дека ако продолжат со она кое му пречело, ќе ги убие. Но, Миле и неговиот другар не го сфатиле сериозно.

Откако пукал, ладнокрвниот убиец си влегол дома, си сварил кафе и мирно ја пречекал полицијата, која го уапсила. Додека тој го пиел кафето, вистинска драма се случувала со двајцата другари. Димов бил потешко ранет во стомакот и ногата, па неговиот другар, иако и самиот застрерлан во нога, успеал да го стави во автомобил и да вози 15-тина километри до Градско.

Но, Димов не успеал, починал пред амбулантата. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но залудно, повредите биле фатални за 42-годишниот маж. Неговиот другар бил пренесен во велешката болница.

Македонија

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО ТОГАШ КОГА ЌЕ БИДЕМЕ СИГУРНИ ДЕКА ЌЕ НЕМА ВЕТО ОД БУГАРИЈА Никогаш не сум рекол дека Вреди ќе ја напушти Владата

Published

on

Никогаш не сум велел дека како Вреди ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината. Кога ја формиравме Владата не го направивме тоа со една нога надвор, а со една внатре и не со уцени дека ќе ја напуштаме Владата, рече денеска Муртезани во одговор на пратеничко прашање од Горан Мисовски од СДСМ.

Сериозно работиме за надминување на проблемот со нашите европски интеграции, а уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија и кога ќе изнајдеме решение кое ќе го гарантира завршетокот на овој процесот, порача денеска министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Орхан Муртезани.

– Никогаш не сум велел дека како Вреди ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината. Кога ја формиравме Владата не го направивме тоа со една нога надвор, а со една внатре и не со уцени дека ќе ја напуштаме Владата – рече Муртезани во одговор на пратеничко прашање од Горан Мисовски од СДСМ.

Мисовски го праша дали Вреди ќе ја напушти Владата затоа што не е исполнет условот уставните измени да бидат донесени до Нова година.

Тој нагласи дека не држи ставот дека новата Влада го блокирала патот кон ЕУ.

– Тоа е како вие да сте ги отвориле сите поглавја и сега ние сме тие што го саботираме овој процес, што не е вистина. Има само разлика во пристапот кој ние го имаме од она што е направено досега. Ние не се служиме со пи-ар како вие, туку велиме дека ќе се обидеме да изнајдеме решение – рече Муртезани.

Дека новата Влада работи на изнаоѓање на решение, како што кажа, имаат потврдено сите европски и американски претставници кои ја посетиле земјава.

– Владата не работи само декларативно, туку работи сериозно за надминување на проблемот. Не е значајно колку месеци ќе трае тоа. Кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија тогаш уставните измени ќе дојдат пред вас во Собранието и ќе бидат само техничко прашање за да осигураме 80 пратеници – потенцира Муртезани.

Continue Reading

Македонија

СО НОЖ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОЛНИЦА полицијата интервенирала

Published

on

Од болницата го потврдуваат инцидентот, и додаваат дека лицето Р.М. во алкохолизирана состојба влегол во едно од одделенијата и од вработените барал одреден лек и им се заканувал.

Полициски службеници од дебарското Одделението за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден лишиле од слобода жител на Дебар, кој претходно ја загрозил безбедноста на вработените во Општата болница со проширена дејност.

– Вчера во 17 часот, на улицата Борис Кидрич во Дебар, лишен од слобода е Р.М.(51) од Дебар, кој претходно, во Општата болница во Дебар го нарушил јавниот ред и мир со викање и со остар предмет ја загрозил безбедноста на вработените. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава- информираше денеска Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Од болницата го потврдуваат инцидентот, и додаваат дека лицето Р.М. во алкохолизирана состојба влегол во едно од одделенијата и од вработените барал одреден лек и им се заканувал.

– Полициска екипа изврши увид и издадено беше мислење од психијатар, по што лицето е однесено во соодветна институција во Скопје – додаваат од болницата.

Споменатиот дебранец е истото лице кое неодамна беше приведено во Полициската станица во Дебар, поради друг прекршок, каде насилно се однесуваше кон полициските службеници и искрши прозорци на влезната врата на објектот.

Continue Reading

Македонија

Уапсен е сопственикот на кумановска „Ритрон копи“, Артан Ајрули, за тендерите за телевизори во Државна лотарија

Published

on

Финасиската полиција го уапсила Артан Ајрули од Куманово сопственик на фирмата ,,Ритрон Копи“ во истрагата во врска со Лотарија.

Државната Лотарија од оваа фирма склучила шест договори за набавка на телевизори, комјутерска и комуникациска опрема, мултифункционални уреди и графички станици за ТВ извлекување.

Вкупната вредност на набавките е 370 000 евра.

Ајрули е внук на пратеникот Елми Азири од ,,Европскиот фронт“, а сопственикот на оваа фирма како што пишуваше Радио Слободна Европа има и заеднички фотографии со сега бараниот на меѓународна потерница Перпарим Бајрами (поранешен директор на Лотарија).

Со потерница се бара и поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е опфатен со истата истрага.

Фото: Артан Ајрули, газдата на „Ритрон копи“ (лево) и Перпарим Бајрами (поранешен директор на Државна лотарија) десно

Извор: Нетпрес

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк