Connect with us

Македонија

ГОРДОСТ: Македон ги доби златните медали за освоените први места по математика на СВЕТСКО НИВО

Published

on

Малиот Македон Димитриевски од Тетово, кој поседува натпросечна интелигенција, ги доби златните медали за освоените први места по математика на СВЕТСКО НИВО.

Генијалецот, со кој се гордее цела Македонија, е ученик во ОУ „Лирија“ во Тетово.

Златно момче со кое се гордее цела држава. Само напред.

Македонија

Во Тетово намален бројот на ученици на почетокот на второто полугодие поради грипот

Published

on

Големиот број случаи на грип во Тетово предизвика значително намалување на присуството на ученици на почетокот на второто полугодие. Според податоците од секторот за образование, повеќе од 250 ученици од основните училишта отсуствуваат поради болеста.

Инфективното одделение во Тетово секојдневно прима меѓу 80 и 100 пациенти со симптоми на грип, главно треска и кашлица, изјави инфектологот Борче Зафироски. Тој советува граѓаните да избегнуваат престој во затворени простории со многу луѓе за да се ограничи ширењето на вирусот.

Најголем број заболени има меѓу децата, што го потврдува и д-р Мерита Елези Рустеми од детското одделение. „Во декември имавме 1.115 прегледи, од кои 150 пациенти беа хоспитализирани. Во јануари до денеска бројот на прегледи изнесува 887, а 142 од нив завршија на болничко лекување. Децата честопати покажуваат потешки симптоми, како што се висока температура, кашлица и отежнато дишење“, изјави таа.

Состојбата останува загрижувачка, а лекарите препорачуваат зголемена претпазливост и следење на мерките за заштита.

Continue Reading

Македонија

Отворање на нова градинка во Тетово

Published

on

Нова градинка „Рилиндја“  при Јавната установа „Младост“ ќе биде отворена денеска во Тетово, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

 По повод отворањето на градинката, најавени се обраќања на ресорниот министер Фатмир Лимани, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, градоначалникот на Тетово, Билал Касими, и директорка на ЈУ „Младост“ – Тетово, Фатлинда Јаја.

Извор: biznisvesti.mk

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова: Приклучувањето кон иницијативата „Три мориња“ ќе ја зајакне нашата позиција во Европа

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, одржа средба со Џејмс Карафано, виш советник на претседателот на Фондацијата Херитиџ и експерт за национална безбедност и надворешна политика, и Пол МекКарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт – ИРИ.

На средбата беше презентирана иницијативата „Три мориња“, во која членуваат 13 земји-членки на Европската унија. Главниот фокус на иницијативата е развојот на енергетската, транспортната и дигиталната инфраструктура, како и зајакнување на оска север-југ во Источна Европа.

Претседателката Сиљановска-Давкова изрази уверување дека приклучувањето на Република Македонија кон оваа иницијатива ќе отвори нови можности за интензивирање на регионалната и европската соработка, со што ќе се забрзаат процесите на интеграција во Европската унија.

„Приклучувањето кон ‘Три мориња’ не само што ќе ја зајакне нашата позиција во регионот, туку и ќе создаде основа за побрз економски и инфраструктурен развој. Ова е клучен чекор во нашите напори за постигнување на европските стандарди и промоција на стабилноста во Источна Европа,“ истакна Сиљановска-Давкова.

Иницијативата „Три мориња“ е значаен проект кој го промовира регионалниот развој преку стратешка соработка меѓу членките, додека Република Македонија гледа можност за активно учество и придонес во реализацијата на заедничките цели.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк