Connect with us

Македонија

Не по врат, по тил! – АЛИУ: Мојот шеф на кабинет не ми е мене зет, туку е зет во семејството

Published

on

Немам зет за ќерка или за сестра, мојот шеф на кабинет е зет во семејството, но не е мој зет. Ова го кажа министерот за информатичко општество, Азир Алиу во врска со прозивката од партијата Алтернатива да поднесе оставка и тој и лидерот Таравари, зашто негов партиски кадар во Министерството за информатичко општество спроведува непотизам.

Алиу не чувствува одговорност и не спомена оставка. Вели, правно може да се провери дека согласно закон се ангажирани експертите во неговиот кабинет и дека не се вработени, туку именувани за да ги спроведуваат политиките на институцијата. Според Алиу, изјавата за зетот кој му е шеф на кабинет е извадена од контекст, од разговор на поткаст.

„Јас се шегувам. Тоа е поткаст, во кој што шефот на кабинет вели треба правно да ве заштитиме, бидејќи сум експерт и доаѓам заради таа цел правно да ве заштитиме и вас и институцијата од правен аспект. Јас велам, освен тоа ти си ми зет, затоа треба да ме заштитиш и затоа тоа е излезено од контекст. Значи, тој не ми е зет за ќерка или за сестра. Нема никаков тип на непотизам. Тој е зет на семејството Алиу, но не е мој зет“, вели министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

На денешниот отчет за 100 дена работа, откако неговата партија Алијанса за Албанците влезе во владата, Алиу кажа дека работат на проширување на дигиталните услуги на граѓаните преку Националниот портал, со цел намалување на корупцијата и најави формирање на Агенција за дигитализација. А, за реакциите дека граѓани со часови чекаат во Град Скопје да добијат потврди зашто им ги бараат од МВР за изготвување лични документи, ако имињата на улиците се менувале три пати, а и од Катастар бараат потврда од Градот за издавање имотен лист, Алиу рече дека во Централниот регистар на дневна основа се ажурираат податоци за граѓаните  и дека со промоција на таа база на податоци и со поврзување на институциите во следниот период, проблемот ќе се надмине.

„Многу брзо ќе видите напредок во подобрување на интероперабилноста помеѓу институциите, министерствата во нашата држава. Значи што подобра интероперабилност, комуникацијата ќе биде подобра на ниво на реално време на институциите“, додава Алиу.

При крај е и стратегијата за сајбер безбедност на Македонија , со цел заштита на дигиталната инфраструктура и личните податоци на граѓаните. Министерот најави и дигитализација на повеќе од 150 други услуги до крајот на годината. Во финална фаза е и новата стратегијата за реформа на јавната администрација , со важност до 2030 година. Во согласност со стратешките приоритети за членство во ЕУ, документот е дизајниран да ја води државата напред, со примена на стандардите на Унијата, кажа министерот.

Македонија

Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Published

on

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа во земјава за да им помогнат на нашите доктори по големата трагедија во Кочани.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите што сте тука и ни помагате во оваа ситуација. Завршивте одлична работа. Ни го дадовте патот по кој треба да одиме, за да го направиме најдоброто за овие млади души и да им дадеме шанса да го видат светот“, вели Ѓоргиевска Павловска.

Емотивното видео го објави Sheba Medical Center Global Impact, еден од водечките светски медицински центри, со седиште во Израел. Нивниот тим изведе 35 процедури на пациенти во четири различни болници во Македонија.

Continue Reading

Македонија

Ослободена мечка фатена во стапица

Published

on

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заробено диво животно како последица од поставена криволовна замка во атарот на помеѓу селата Љубојно и Брајчино (Општина Ресен).

Пријавителот претпоставил во пријавата дека најверојатно се работи за мечка поради гласното рикање што се слушало во непосредна близина на мостот на Брајчинска Река.

За оваа ситуација, од страна на ЦУК веднаш е известена Гранична полиција Маркова Нога, Полициска станица Ресен, Концесионерот – ловното друштво и други субјекти за понатамошно постапување.

По интервенцијата на надлежните служби од Концесионерот -Ловното друштво, со присутен ветринар, од НП „Пелистер“ и од полицајци од МВР мечката е успиена и безбедно ослободена.

Continue Reading

Македонија

Детална временска прогноза за утре: Еве какво време ја очекува Македонија

Published

on

Утре (6 април недела) поради продор на многу ладен бран директно од Сибир кон нашата Република Македонија, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имаме денес (5 април сабота).

Токму овој циклон ќе условува пообилни врнежи кои освен на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градови). Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (над 65 км/час).

На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, во делови од овие места таа ќе биде со висина дури и од над 30 cм. Што се однесува до градовите, снежната покривка особено во западната половина од нашата Република Македонија ќе биде со висина од 5 до 10 cм, во делови од градовите таа би можела да биде и малку поголема. Во останатите делови од Македонија снежната поркивка ќе биде многу мала, а особено во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и дека ќе ја нема.

Што се однесува до времето во Скопје, утре (6 април недела) ќе има врнежи, кои на околните планини, а потоа и во повисоките предели од котлината ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка, особено на околните планини. Слабо провејување на снег би можело да има и во делови од пониските делови од котлината. И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен северен ветер (над 60 км/час).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк