ЕМОЦИИ, ОВАЦИИ и пак БРАВО за Андријана, Кате и Џамбазов

Бура од емоции и овации за Катерина Танева (Кате „Нели ти реков“), Андријана Јаневска, Игор Џамбазов и хорот „Мирче Ацев“ за емотивната изведба на песните „Ми заплакало селото Ваташа“ и „Цветови“ од Славко Јаневски со која започна одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа.

Вака звучеа:

„Ми заплакало селото Ваташа“ во изведба на Јаневска е тема која ќе биде дел и од проектот „Македонијо во срце те носиме“ на Скендеровски продукција – 12 македонски песни, 12 изведувачи сите со единствена цел – во овие турбулентни времиња кога често сме негирани како народ кој има своја историја, свое творештво, песни во кои се крие вистината на нашата земја – да се возобноват најубавите македонски, патриотски песни, да им се продолжи векот и да ги приближиме до новите генерации.Јавноста прв имаше можност да го чуе Ламбе Алабаковски и неговата интерпретација на „Оган да го гори“, а до крајот на летото ќе бидат претставени сите 12 преработки.