Бујар Османи: Србија да ги ослободи притворените косовски полицајци

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денес објави дека остварил комуникација со шефовите на дипломатиите на Србија и Косово, повторувајќи го повикот за активности од двете страни за итна де-ескалација на состојбите на северот од Косово.

„Од клучно значење е Србија да дозволи итен пристап и ослободување на притворените косовски припадници на полицијата. Косово и Србија треба да почнат со имплементација на предложениот план за де-ескалација на меѓународната заедница, потсетувајќи се дека КФОР има задача да обезбеди безбедност и стабилност во северните општини на Косово.“ – посочил Османи.

Во капацитет на претседавачот со ОБСЕ, Османи, уште еднаш повика сите страни да работат на мир и стабилност, посочувајќи на подготвеноста на ОБСЕ за активна улога во овој процес, соодветно на потребите.