Connect with us

Македонија

Рамиз Мерко е прв функционер на ДУИ кој поради корупција заврши на црната листа на САД

Рамиз Мерко е прв функционер на ДУИ кој поради корупција заврши на црната листа на САД. Доби забрана за влез во Америка, а иста забрана ја добија и неговата сопруга и трите полнолетни деца.

Стејт департментот оцени дека струшкиот градоначалник Мерко е вмешан во корупција и дека тој како градоначалник злоупотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси. Поради тоа,  за Соединетите Американски Држави, Мерко од денеска е непожелен за влез.

Соединетите Американски Држави го назначуваат градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршувал функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвојувал средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија, велат од Стејт департментот на САД.

Според официјалната објава, Американците со денешната одлука порачуваат дека ја поттикнуваат стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото. „Со одлуката ја потврдуваме посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ„ стои во соопштението на американската администрација. Мерко е прв функционер од ДУИ но и од владеачката коалиција кој поради корупција завршува на американската црна листа. Од САД нема објаснување за кои случаи се работи. Мерко инаку е и во сопственичката структура на Меѓународниот Универзитет во Струга за кој имаше повеќе новинарски истражувања и сомнежи. Од тој Универзитет потекнува и Јетон Шакири кој сега е министер за образование. Рамиз Мерко како човек од доверба на Али Ахмети е постојан кандидат на ДУИ за градоначалник во Струга, сега го извршува 4-тиот мандат. Во ноември лани, во Македонија дојде тим за санкции кој прибираше информации за функционери поврзани со корупција без да открија т било какво име.  Покрај тоа, тој тим скенираше и функционери кои веќе беа под американски санкции како Сашо Мијалков и пресудите поврзани со него. На црните американски листи се наоѓаат и поранешниот премиер Никола Груевски, лидерот на ДПА Мендух Тачи. Мерко е прв функционер од ДУИ кој добива место на црна листа на САД и тоа поради корупција.

Македонија

УХМР најавува снег – еве кога започнуваат врнежите!

Според најновите информации од УХМР, денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба до умерена облачност, а во одделни котлини ќе се појави магла. Ќе дува слаб северозападен ветер, а дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно и мирно време, со магла во одредени делови од денот. Температурата ќе достигне околу 6 степени, а ветерот ќе биде слаб, околу 1 метар во секунда.

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност.

Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките и планинските предели врнежите ќе бидат од снег.

Continue Reading

Македонија

Д-р Чибишев со апел до родителите: Надворешни активности се опасни за децата при висок степен на загадување

Доктор Андон Чибишев преку социјалните мрежи предупреди на сериозните ризици за здравјето на децата во услови на екстремно загаден воздух. Тој истакна дека денеска, предпладне, додека поминувал покрај улицата „Илинденска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, забележал група деца на возраст од околу 7 до 10 години како трчаат и тренираат на фудбалско игралиште.

„Физичкиот напор го зголемува интензитетот на дишењето, што значи и поголемо внесување на штетни и отровни гасови од амбиенталниот воздух. Не можам да разберам зошто на ваков ден, кога загадувањето е екстремно, децата би се изложувале на таков ризик“, изјави д-р Чибишев.

Тој апелираше до организаторите на активности и тренинзи да покажат одговорност и да ги одложат настаните со цел да се заштити здравјето на најмладите.

Апелот доаѓа во момент кога Скопје повторно се соочува со високо ниво на аерозагадување, а здравствените работници постојано предупредуваат на зголемени ризици, особено кај децата, хронично болните и постарите лица.

Continue Reading

Македонија

Конгрес на ДУИ: Ахмети со нови барања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Петтиот конгрес на партијата денеска изнесе сет клучни политички барања што, според него, треба да ја гарантираат стабилноста и функционалноста на државата. Во фокусот се избор на Влада со двојно мнозинство, уставни измени поврзани со одлучувањето во Уставниот суд и целосен ветинг на сите јавни функционери во последните три децении, под меѓународен надзор.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на т.н. „извршен Бадентер“, според кој секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од мнозинството пратеници во Собранието, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Тој истакна дека унитарната држава може да биде стабилна само доколку се темели на доверба и лојалност меѓу сите заедници, нагласувајќи дека двојното мнозинство е механизам што обезбедува инклузивност и политичка рамнотежа.

Во делот на судството, Ахмети предложи законите донесени со Бадентеров принцип во Собранието да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу уставните судии. Според него, потребни се уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници ќе се носат само со заемна согласност.

Покрај уставните промени, лидерот на ДУИ инсистираше и на темелно „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара целосен ветинг за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години, вклучувајќи проверка на потеклото на имотот и процесите на приватизација, со јасен меѓународен надзор.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг