Connect with us

Македонија

Издржи Мерко не си сам …..(Видео)

Published

on

Македонија

Во второто полугодие – 74 ученици се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Published

on

Второто полугодие во училиштата во Општина Тетово започна со 74 ученици помалку во споредба со почетокот на учебната година. Иако минатогодишните бројки беа поголеми, сепак трендот на намалување на бројот на основци и средношколци продолжува, како во градот, така и во селата.

Родителите бараат исписница за своите деца, како потребна документација при упис во ново училиште, претежно во западно-европските земји.

„Од почетокот на учебната година, па досега, според податоците со кои располагаме, од основните училишта исписница зедоа 57 ученици кои заминале на Запад и 17 ученици во средните училишта. Ако продожи овој тренд, за нас ќе биде многу тешко функционирањето на училиштата, па и на општеството целокупно“, изјави Назми Даути, раководител на Сектор за јавни дејности при Општина Тетово

Во општина Битола второто полугодие започнало со 22 ученика помалку во средните и пет во основните училишта. Според податоците на Секторот за локален економски развој и образование во Општина Штип, пак, оваа година нема големо намалување на бројот на ученици, зашто покрај тие што се испишани, има и новозапишани.

„Во првото полугодие на учебната 2024-2025 година од петте основни училишта се имаат испишано

30 ученици, но има и 21 ученик кои се новозапишани. Тоа значи дека немаме големо намалување на ученици, а што се однесува до тоа каде заминуваат учениците, за 12 имаме податок дека се заминати надвор од државата, со своите семејства. Во средните училишта 26 ученици се испишани, од кои за двајца имаме податок дека се заминати во странство, но се запишани и 19 нови“, информираат од Сектор за локален економски развој и образование на Општина Штип.

Иселувањето на населението, но и намалениот наталитет, доаѓа до израз особено за време на уписите во училиштата, кога има сѐ помалку ученици во споредба со претходните години.

Извор: денешен.мк

Continue Reading

Македонија

Се уште нема истрага за држењето во фиока на предметот за Мијалков, постапката за Груби продолжува

Published

on

Без разлика што е во бегство, и за Артан Груби и за другиот осомничен, постапката и натаму продолжува и јавноста ќе биде известена, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски за медиумите прашан дали има напредок во истрагата за поранешниот вицепремиер, додавајќи дека и покрај меѓународната потерница, јавните обвинители и „понатаму преземаат дејствија во однос на постапката“.

Коцевски пред почетокот на 14-тата седница на Советот на јавни обвинители прашан дали има предистрага за судијата Енвер Беџети, ставен на „црната листа“ на САД, одговори дека „заедно со тој предмет што се однесува и за судијата, и за Артан Груби и, евентуално, за друг сторител, се води предистражна постапка и понатаму ќе се види како ќе се одвива.

Тој соопшти дека не е почната истрага за ставањето во фиока на предметот за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

– Истрага не, сѐ уште се работи за предистрага, се прибираат докази и за тој предмет јавноста ќе биде известена, а во моментот за оние дејствија што се преземени од наша страна, јавноста е известена – рече Коцевски.

За финансиската истрага за случајот „Соравија“, пак, одговори дека за Дрин Ахмети има две постапки – едната се води во Јавното обвинителство за организиран криминал, а другата постапка во Основното јавно обвинителство-Скопје.

– Едната постапка е по правна помош за „Соравија“, а другата постапка е за ископина на природни минерални – рече Коцевски.

За случајот со ЕСМ, јавниот обвинител посочи дека Основното јавно обвинителство Битола води постапки за шест јавни тендери.

– Можам да истакнам сега дека интензивно се работи и плус е вклучена Финансиската полиција. Се надеваме на брзо доаѓање до евентуални докази – рече Коцевски.

На прашање дали Обвинителството го истражува сертификатот за англиски јазик на директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, како и за голем број други спорни сертификати за кои се зборуваше во јавноста, обвинителот одговори дека за предметот со Христовски чекаат одговор на барањето што е доставено до Бугарија за меѓународна правна помош.

Како што појасни, барањето до колегите од Бугарија е дали сертификатот е издаден од надлежен орган односно школа, институција или некоја установа која во моментот давала такви сертификати и била регистрирана.

– Во однос на сертификатите, и министерот за внатрешни работи изјави дека по негово сознание има околу 500 сертификати кои наводно биле фалсификувани. Што се однесува за лицето што го спомнавте, и за тој предмет до бугарските надлежни органи доставено е барање за меѓународна правна помош, штом го добиеме, ќе постапиме и ќе се донесе јавнообвинителска одлука – изјави Коцевски.

Во  врска со истрагата за струмичкиот бизнисмен за кој во последното соопштение ЈОРСМ информираше дека УЈП не нашло неправилности, Коцевски одговори дека не може да споделува детали со јавноста затоа што се работи за предистрага и, како што рече, не може да биде соопштено повеќе од даденото соопштение од Обвинителството.

На прашање како го коментира тоа што на собраниска комисија е негативно оценет Годишниот извештај на Советот за јавни обвинители и дали смета дека петтемина членови во Советот кои ги избира Собранието треба да поднесат оставка од морални причини, Коцевски одговори дека тоа не може да го коментира зашто тоа, рече, е став на Советот и е нивна морална обврска дали ќе поднесат оставка.

На истото прашање претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, за медиумите изјави дека таа го презентирала Извештајот и дека „работа на Собранието е како ќе го оцени“.

– До денес не сме известени дали е оценет – рече Димитриеска.

На прашање како го коментира ставот на експерти дека од Судскиот совет и од Советот на јавни обвинители треба да почнат реформите во судството, со кои ќе се подигне довербата на јавноста што сега е многу ниска, претседателката одговори дека Советот на јавни обвинители како институција „не е посочена во негативна смисла во ниту еден од извештаите – ниту на домашните ниту на странските експерти“.

– Членовите на Советот објективно, законито и непристрасно  ја извршуваат својата функција во заштита на темелните вредности на државата – истакна Димитриеска.

На 14-тата седница на Советот на јавни обвинители таа предложи  членови што ќе бидат координатори во подрачните виши јавни обвинителства во Битола, Гостивар, Штип и Скопје, согласно Годишниот распоред за работа на членовите на Советот. На дневен ред на седницата беше и одлуката за престанување на функцијата на јавниот обвинител Јован Серафимовски поради исполнување на условот за старосна пензија.

Извор: vecer.mk

Continue Reading

Македонија

Случајот Груби повторно активен

Published

on

Без разлика што е во бегство, продолжува постапката против поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Државниот јавен обвинител рече дека поведена е предистражна постапка и за случајот поради кој тој заедно со судијата Енвер Беџети се најде на американската црна листа. Стејт Департментот ги оцрни двајцата бидејќи примиле мито за да го урнат предметот за масовното прислушување, објави Сител.

-Заедно со тој предмет што се однесува и за судијата и за Артан Груби и евентуално за потенцијален друг сторител се води предистражна постапка и го кажав тоа дека натаму ќе видиме како ќе се одвива.
Две посебни постапки се водат и а внукот на првиот човек на ДУИ, Дрин Ахмети. Обвинителството за организиран криминал го истражува купувањето на Трговскиот центар Соравија, а скопското концесијата за експлоатација на минерални суровини во рудник во Кичево.

Во меѓувреме, и Финансиската полиција се вклучила во предистражните постапки во ЕСМ каде се истражуваат шест спорни тендери за набавка на јаглен и мазут, кои произлегоа од случајот „Адитив“ во кој опфатени се 23 лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државните електрани Васко Ковачевски, кој е во бегство и по кого веќе е распишана меѓународна потерница.

– Основното јавно обвинителство води постапка за шест тендери со тоа што можам да истакнам сега дека интензивно работи и е вклучена и Финансиската полиција. Се надеваме на брзо доаѓање до евентуални докази, рече Коцевски.

Пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, претседателката Душица Димитриевска не одговори дали ќе има ќе има разрешувања во Советот откако последниот годишен извештај за нивната работа уште во 2023 година доби негативна оценка од Собранието. Вели, до нив се уште не стигнало известување дали бил оценет од пратениците.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк