Џамбазов сам себе се заследи на социјалните мрежи :) (Фото)

Неодамна македонскиот шоумен Игор Џамбазов наброи кои животни приоритети ги одбира за здраво тело и здрав дух, а едно од нив, покрај  одмор, вежбање, сонце, пријатели беше и самопочитта.

Тој на социјалните мрежи редовно објавува ситуации кои понекогаш се апсурдни или забавни токму како и овој пат.

Имено, на самата апликација „Инстаграм“ во делот за следачи се најде и една голема важна личност во неговиот живот – маестралниот Игор Џамбазов! Или поточно, шоуменот се заследи самиот себе си.

Па, бидејќи активно ја користи редно е и сам да се заследи, зошто да не?!

„Се заследив сам себе си. На здравје нека ми е!“ – гордо напиша македонскиот мултиталент.