Connect with us

Свет

Потрагата влезе во критична фаза: На патниците во подморницата Титан денеска им снемува кислород (Видео)

Потрагата по исчезнатата подморница Титан влезе во критична фаза и бродовите, специјалната опрема и спасувачките тимови сега се во трка со времето додека се обидуваат да ја лоцираат пред патниците да останат без кислород.

На почетокот на секое патување, подморницата подготвува и има поддршка за живот во период од 96 часа, исчезнала во неделата, што значи дека денес е последна шанса да се најде екипажот на Титан додека патниците се живи. Американската крајбрежна стража процени дека кислород за луѓето во подморницата може да снема денес во 13:18 часот.

Според Си-Ен-Ен , американската крајбрежна стража ја проширила областа за пребарување и пренасочила дел од своите ресурси за да се обиде да ги лоцира звуците кои можеле да се слушнат вчера за време на воздушната потрага.

Во меѓувреме, флота од бродови и специјална опрема го скенираат дното на океанот со сонар.

Сепак, како што пишува Би-Би-Си, експертите предупредуваат дека недостатокот на кислород не е единствениот проблем.

Д-р Кен Ледез, експерт за хипербарична медицина, вели дека постојат опасности и дека подморницата останала без струја, што игра клучна улога во контролирањето на нивото на кислород и јаглерод диоксид.

Како што објасни тој, додека нивото на кислород опаѓа, процентот на јаглерод диоксид што го вдишуваат патниците се зголемува, што може да има потенцијално катастрофални последици.„Како што се зголемува нивото на јаглерод диоксид, тој станува како седатив или анестетик гас, предизвикувајќи луѓето да заспијат“, рече Ледез.

Друга опасност е хипотермијата, каде што човечкото тело станува премногу ладно за да функционира.

Поранешниот капетан на британската кралска морнарица Рајан Ремзи вели дека ако подморницата е на дното на океанот, температурата на водата е околу нула Целзиусови степени.

Како што објасни, ова е голем проблем за екипажот бидејќи ако нема струја, подморницата не може да генерира топлина.

И хипотермијата, недостатокот на кислород и акумулација на јаглерод диоксид во подморницата негативно ќе влијае на способноста на патниците во подморницата да стапат во контакт со спасувачките тимови со, на пример, удирање по ѕидовите на подморницата во редовни интервали за да привлечат внимание.

„Ако се во несвест, патниците нема да можат да направат ништо за да си помогнат“, вели Ледез.

Свет

Нов бран напади: Украина под силен оган, Полска активира борбени авиони

Русија утрово изведе масовен ракетен и дрон-напад врз повеќе украински градови, при што повредени се најмалку три лица во Киевската област.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека биле лансирани ракети и десетици дронови кон регионот на главниот град, поради што низ целата земја се огласија сирени за воздушна опасност. Напади беа регистрирани и во Лавовската област, додека руските сили дејствувале во повеќе последователни бранови.

Последната серија ракети била забележана непосредно пред 7 часот утрово, а експлозии одекнале во Полтава, Луцк, Одеса и Запорожје.

Гувернерот на Киевската област, Никола Калашник, информира дека 42-годишен маж бил повреден во Фастив, каде украинските железници пријавија „масовно гранатирање на железничката инфраструктура“. Во Вишгородската област биле повредени уште две жени на возраст од 46 и 40 години, од кои едната е хоспитализирана.

Градоначалникот на Луцк, Игор Пољишчук, соопшти дека биле зафатени од пожар повеќе складишта за храна.

Полска реагираше на ескалацијата – полското воено воздухопловство објави дека подигнало борбени авиони за заштита на својот воздушен простор за време на повеќечасовниот напад на западна Украина.

Овој напад следи по украинските операции изминатите денови, кога дронови погодија важни руски енергетски објекти, меѓу кои пристаништето Темрјук во Краснодар и рафинеријата во Сизран, пренесе „Киев Индепендент“.

Continue Reading

Свет

ТАЈНИ СНИМКИ: Дали Русија ќе остане без своите пари?

Европските лидери му ставиле до знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека токму тие имаат последен збор во одлуките за замрзнатите руски средства, објави „Киев Индепендент“, повикувајќи се на транскрипт до кој имал ексклузивен пристап.

Во разговорот меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, лидерите нагласиле дека Европа сама ќе го контролира процесот околу репарацискиот заем за Украина и дека токму ЕУ е единствено одговорна за управувањето со руските имобилизирани средства.

Според истите информации, САД наводно лобирале кај европските земји да ги блокираат плановите за позајмување пари на Киев, што уште повеќе ја вжештило атмосферата во разговорот.

Транскриптот открива дека европските лидери недвосмислено му порачале на Зеленски дека одлуките околу руските средства ќе ги носи исклучиво Европа – без притисоци, без надворешно мешање и без прекинување на веќе дефинираниот план.

Continue Reading

Свет

Огромен пожар под авион во – 169 патници во панично бегство по тобоганите!

На меѓународниот аеродром во Сао Пауло, најголемиот во Бразил, избувна пожар кој предизвика драматична евакуација на 169 патници од авион на Latam Airlines, соопшти авиокомпанијата. Инцидентот се случил во четврток навечер, непосредно пред летот кон Порто Алегре.

Пожарот зафатил надворешна опрема на пистата во моментот кога авионот се подготвувал за полетување. Поради густиот чад, активирани биле сите безбедносни протоколи, а патниците излегле преку приклучните мостови и по тобоганите за итни случаи.

Од Latam уверуваат дека нема повредени и дека ситуацијата била брзо ставена под контрола. Снимките на социјалните мрежи покажуваат пламен непосредно под авионот и патници кои се спуштаат по тобоганите во ноќната темница.

Според авиокомпанијата, 159 патници биле успешно префрлени и стигнале во Порто Алегре следното утро, додека 10 биле пренасочени на други летови или превезени по земја.

Аеродромскиот оператор GRU Airport објави дека заради инцидентот, полнењето гориво на другите авиони било стопирано на 10 минути.

Latam посочи дека пожарот започнал од опрема на подизведувач задолжен за товарење на авионот Airbus A320, а истрагата за причините продолжува.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг