Connect with us

Македонија

162 години од епохално дело на струшките браќа Димитар и Константин Миладиновци – Зборникот на народни песни (Видео)

На денешен ден пред 162 години во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на струшките браќа Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век.

Зборникот подоцна стана учебник за идните генерации македонски писатели. Објавувањето на Зборникот го овозможи хрватски бискуп Јосип Јурај Штросмаер.

Зборник на Миладиновци — Википедија

Зборникот на Миладиновци е најзначајната книга на македонската преродба, заедничко дело на двајцата браќа. На 24 јуни 1861 година првите примероци од зборникот излегле од печатницата на Анте Јакиќ во Загреб и им биле испорачани на претплатниците.

Печатењето на зборникот било финансирано од хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, за што Константин во посветета му искажува голема благодарност. Ова епохално дело содржи 584 песни од разни краишта на Македонија (Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Дебар, Кукуш, Костур и др.), кон кои непосредно пред објавувањето биле приклучени 76 бугарски песни од Софија и од Панаѓуриште, што Константин ги добил од В. Чолаков.

Константин Миладинов - Wikiwand

Песните се поделени во групи: самовилски, други стари, црковни, јуначки, жаљовни, смешни, љубовни, свадбени, лазарски, на Водици, на Ѓурѓовден и жетварски. Зборникот содржи и други фолклорни и етнографски материјали (детски игри, свадбени и годишни обичаи од Струга и Кукуш, верувања, игри, преданија, сопствени имиња, пословици, гатанки, речник, лалп и имиња на претплатниците).

Во предговорот Константин ги изнесува своите сфаќања за народното творештво како „показалка на степенот на умственото развитие од народот и огледало на неговиот живот“, за народното оро како „училиште каде се усовршенствувала народната ни поезија“ и сл. Константин при изборот на песните вршел селекција, од повеќе варијанти ја избирал најдобрата, што значи Зборникот има карактер на антологија.

Уште кога заминал на студии во Русија, Константин понесол одреден фонд песни. И подоцна Димитрија собирал фолклорни материјали и му ги праќал на брата си. Константин не успеал зборникот да го објави во Русија, иако за него најпофално се искажале значајни имиња од руската славистичка наука. Тој воспоставил контакт со Штросмаер и договорил средба во Виена. Големиот мецена на словенската култура се согласил да го финансира Зборникот со една забелешка – материјалите што биле запишани со грчки букви да бидат препишани со кирилица. Константин тоа го прифатил.

Според списокот на претплатниците, Зборникот имал порачки од Виена, Будим, Дубровник, Љубљана, Марибор, Осиек, Темишвар, Загреб, Белград, Хасково, Париз, Прага и други места, но нема претплатници од Македонија, што значи дека огласот за претплата од Константин во „Дунавски лебед“ објавен во 1861 г. не бил познат во Македонија.

По објавувањето, Зборникот имал одгласи во повеќе земји. Популарноста на Зборникот и судбината на браќата Миладиновци биле причина нивните имиња да влезат и во литературни дела. Иако Зборникот извесен период останал непознат во Македонија, тој подоцна сепак си ја одиграл улогата на програма за собирање и афирмација на македонскиот фолклор. Сите поистакнати собирачи овој зборник го имале и за пример и за инспирација. Така Кузман Шапкарев запишал дека триумфите на Миладиновци, Караџиќ и Кухач не му давале да заспие, а Марко Цепенков го чувал дома и го пеел „како второ вангелие“.

Извор: Денешен.мк

Македонија

Седум од десет Македонци против покачување на платите на судиите и обвинителите

Според последното истражување на јавното мислење на порталот МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет Вижн, македонските граѓани се изразито против покачување на платите на судиите и јавните обвинители.

Одговорите покажуваат дека 73,6 отсто од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, додека само 14,8 отсто сметаат дека повисоките плати се оправдани. Најголем дел од граѓаните оценуваат дека покачувањето на платите нема да придонесе за подобрување на состојбата во македонското правосудство.

Истражувањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници.

Резултатите ја потврдуваат недовербата на граѓаните кон правосудниот систем и укажуваат на потребата од реформи и зголемена одговорност во судството.

Continue Reading

Македонија

Детонации на Криволак: се уништуваат експлозиви запленети пред 15 години

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, согласно однапред изготвен план, преземаат мерки и активности за уништување на голема количина минско-експлозивни средства.

Минско-експлозивните средства, кои биле запленети пред цели 15 години и складирани во касарната „Ѓорче Петров“, денеска се транспортираат до армискиот полигон „Криволак“ со товарни возила на АРМ. Уништувањето ќе се спроведе во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал.

Процесот на уништување ќе го реализираат полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од Армијата на Република Северна Македонија и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, преку контролирана детонација.

Фактот што станува збор за прво уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години укажува дека безбедносните ризици во минатото не биле третирани со потребната сериозност. Денешната активност претставува јасен сигнал дека со одговорен пристап, зголемена посветеност и професионално раководење, безбедноста на граѓаните конечно се става на ниво кое одамна било неопходно.

Continue Reading

Македонија

Констатирани неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи

Вонреден инспекциски надзор спроведен од Фондот за здравствено осигурување утврди неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи низ Северна Македонија, од кои две се во Скопје. Надзорот бил извршен во службите за Итна медицинска помош и домашна посета.

Како што информира директорот на ФЗО, Сашо Клековски, инспекцијата опфатила вкупно 37 јавни здравствени установи – 29 надвор од Скопје и осум во главниот град. Во 23 институции не биле утврдени недостатоци, додека во 14 биле констатирани сериозни неправилности.

Според Клековски, седум установи работеле со интерни ценовници кои немале одобрение од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. Тој нагласи дека не станува збор нужно за штета по пациентите, но дека ценовниците не биле официјално усвоени.

Во две институции било утврдено погрешно фактурирање кон Фондот, додека уште две фактурирале услуги за кои немале дозвола. При теренските контроли биле откриени и посериозни пропусти – во една установа надвор од Скопје немало лекови против болки, а резервите на лекови во Итната помош биле под минималниот потребен праг. Во друга институција, пак, воопшто немало медицински екипи за обезбедување на здравствени услуги.

На сите установи кај кои се утврдени неправилности им е даден рок од два месеци за нивно отстранување, по што ќе следи повторна контрола. Клековски посочи и дека Фондот не бил навреме информиран дека службата за домашна посета во Шуто Оризари е целосно затворена поради недостаток на персонал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг