Connect with us

Македонија

Помина и Скопје Прајд, се маршираше под мотото „Гласни и горди“ (Фото и Видео)

Published

on

Скопје Прајд годинава се одржа под мотото „Гласни и горди“ и стартува од Паркот Жена борец кон Стадионот на Армијата во Градскиот парк во Скопје.

Парадата е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија и во Скопје се одржува четврта година по ред.

Видео:

https://youtu.be/yy8cM34rFGY

Македонија

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Published

on

Најголемите гревови кон сопствениот народ ги прави ДУИ. Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Али Ахмети и Бујар Османи. Само политички аматери не може да предвидат дека на локални заедно со предвремени парламентарни избори, ова ВМРО-ДПМНЕ, во ваква кондиција, со ваква слаба опозиција, ќе биде апсолутен победник. Со мнозинство од повеќе од 60 пратеници, велат од Влен.

„Се додека во парламентарните комбинации нема двотретинско мнозинство без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата СДСМ и ДУИ нема право лажно да плаче за ЕУ перспективите. Малку му беше на ДУИ што меѓудругото и заради нивното криминално поведение во Владата на СДСМ, на минатите парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ од опозиција победи со 58 пратеници, сега и кога се во опозиција со лажните и манипулативни наративи за наводна деалбанизација уште повеќе ги зајакнува.

Албанците не се наивни да веруваат во лагите на ДУИ. Тие бараат предвремени парламентарни избори за да издејствуваат “Пржинска Влада”, во која министер за внатрешни ќе даде нивниот политички контролор СДСМ. Ахмети во тој период од 100 дена гледа шанса да ги уништи доказите за корупција за неговите поранешни функционери.

Ако нема предвремени парламентарни избори ДУИ не сака да оди само на локални избори. Зошто? Затоа што 22 години одеа на избори од позиција на власт, со злоупотреби на МВР, со уцени на вработени во администрација, купуваа гласови со народни пари, полнеа гласачки кутии, ја фаслификуваа волјата на гласачите. 

Сега се уплашени. Коалицијата ВРЕДИ ќе ги победи на слободни, фер и демократски локални избори. Граѓаните ќе ги вратат во реалноста. Конечно, ќе се соочат со за нив многу суровата реалност. Без програмска и кадровска реформа нема што да бараат од гласачите, нагласуваат од Вреди.

Continue Reading

Македонија

Уште двајца повредени кои се лекуваа во Бугарија се враќаат дома

Published

on

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани, кои беа на лекување во Бугарија, се враќаат дома, потврдуваат за 4NEWS.mk од бугарското министерство за здравство.

Со нив во болницата „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив се сретна бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов.

Двајцата мажи се во болница месец и половина. Имале многу операции. Им била укажана и психолошка помош.

По пожарот 14 лица се пренесени на лекување во Бугарија. Петмина од нив остануваат под опсервација во Пирогов и на Воено-медицинската академија во Варна.

Извор:  4NEWS.mk

Continue Reading

Македонија

24 години од масакрот кај Вејце

Published

on

Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица.

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Во нападот беа повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк