Мајка и дете се удавија во поплавите во Косово (Видео)

Мајка и нејзиниот петгодишен син ги загубија животите во поплавите што вчера го зафатија градот Пеќ во Косово.

Околу 23 часот петгодишното детето било пренесено во подрачната болница во Пеќ, но таму само било констатирано дека нема знаци на живот, додека пак неговата мајка била пронајдена по полноќ без знаци на живот.

Според косовската полиција, трагедијата се случила во населбата Аслан Чешме.

„Регионалната полициска управа Пеќ соопштува дека на 24.6.2023 година, како последица на поплавите во градот Пеќ, во населбата Аслан Чешме, едно дете го загубило животот, додека неговата мајка е исчезната. По извршени претреси од полициски единици во 1:20 часот, на 25.6.2023 година, пронајдено е исчезнатото женско тело, а од страна на лекарска екипа е констатирана смрт“

се наведува во полициското соопштение.

Видео од поплавата:

https://fb.watch/lnYgfFaA8N/?mibextid=Nif5oz

Во друга населба во Пеќ, пак, пријавено е дека двајца жители биле повредени.

Освен жртвите и повредените, во градот има и многу оштетени возила и други материјални штети.