За разлика од Скопје, во Истанбул не се одржа Прајд – ги уапсија активистите на ЛГБТ заедницата (Видео)

Турската полиција уапси демонстранти од ЛГБТ+ заедницата во Истанбул кои денеска се обидоа да одржат Парада на гордоста и покрај забраната на властите, објави турското издание „Дувар“, не прецизирајќи го бројот на уапсени.

Во рамките на денешниот 21. Прајд во Истанбул, полициски екипи со бариери ги блокираа сите улици кои водат кон булеварот Истиклал и централниот плоштад Таксим, а запрени се и услугите на метрото и жичницата.

Активисти на ЛГБТ+ заедницата прочитаа соопштение во паркот Мустак, по што планираа марш до Таксим, но полицијата ги спречи, пренесува БТА.

Видео: