Connect with us

Македонија

ДЕРЕЊЕЕЕ! БАНКИТЕ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПРОВИЗИИТЕ 40% И ПОВЕЌЕ, А СИТЕ СИ ЌУТИМЕ. ДО КОГА?

Published

on

БАНКИТЕ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПРОВИЗИИТЕ 40% И ПОВЕЌЕ, А СИТЕ СИ ЌУТИМЕ. ДО КОГА? – пишува Венко Глигоров претприемач.

Пишував за тоа дека се зголемува бројот на фирми што не работат со платежни картички. Една од причините е и зголемените провизии на банките. Банките од година во година си ги зголемуваат провизиите и како никого да не го интересира сево ова. Профитите на банките се несразмерно поголеми во однос на профитабилноста на македонската економија, а нивната структура се менува во корист на провизиите.

Наместо да ја кредитираат македонската економија, банките некако се предодредија на „дерење“ на стопанствениците и граѓаните преку неиздржливо големи провизии за платниот промет. Ова посебно е изразено и отжнувачко за малиот бизнис.Ќе илустрирам во девизното работење бидејќи Македонија треба да го бара излезот во извозот. Потребни ни се голем број на извози на помали колични на производи затоа што немаме многу извозни гиганти што може да ја сменат големата разлика меѓу увозот и извозот.

👉 За плаќање во странство.Провизијата беше 600 и 800 денари – вкупно 1400 денари. Сега е 950 и 800 – вкупно 1750 денари. За првата провизија покачувањето е 41,7%, а за другиот износ покачувањето е 12,5%. Зашто е потребно покачување? Зошто е потребна воошто толкава провизија? Се запрашал некој?

👉 За прилив од странство.Провизијата беше 5 евра во валута и 500 денари за банката. Сега е 8 евра, а нема покачување кај 500 денари. Од 5 на 8, покачувањето е фрапантни 60%. Да се прашаме зошто 500 денари зема банката? Што тоа она особено прави при прилив од странство? Замислете, за секој прилив. Ако секојдневно продавам производи по 100 евра во странство, банката зема скоро 16 евра – значи производите на стопанствениците треба да се поскапи за 16 евра.

Примерите беа за илустрација кај една банка. Секоја банка има своја политика за провизии но кога ќе се земе, купчето пари што го земаат на годишно ниво од една фирма, горе долу е иста независно од банка, а сега зголемена со беобразно зголемени провизии, кои ионака не беа ниски.Власта, која е и да е, треба да ги ограничи приливите од провизии на банките и тие да бидат во некаков сооднос со пуштените пари во економијата. Банките треба да имаат стимул (или „стап“) за да не се улежуваат и дембелаат со провизии туку да засукаат ракави и да бидат поткрепа на бизнисот.

ПС Кога се правеше реформа на платниот промет во 2000та година, истиот се префли од ЗПП во банките. Идејата беше банките да имаат конкуренција меѓу себе и да понудат разни услуги во платниот промет. Наводно, тогашниот платен промет преку ЗПП не им беше добар на политичарите. 20 и кусур години после оваа реформа, банките имаат многу послаб платен промет од тогаш, а провизиите се многу поголеми.

Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтер утрово е регистриран во Македонија.

Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.

Continue Reading

Македонија

Илиевски: Нека е честит Денот на албанската азбука!

Published

on

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, упати честитка по повод Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на јазикот и културното наследство. Тој порача дека различностите се богатство што треба да го негуваме и дека општина Брвеница ќе продолжи да гради заедништво и меѓусебна почит меѓу заедниците.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Албанската азбука е составен дел од идентитетот на секој албанец

Published

on

На свечената академија, кој што се одржа во Владата на Република Македонија, по повод Денот на албанската азбука, свое обраќање имаше и првиот вицепремиер Изет Меџити.

– Конгресот во Битола беше повикот од бришењето и асимилацијата на албанскиот јазик од меморијата на албанците. Оваа мобилизација на албанската интелигенција и политичкото раководство во Битола во 1908 година, токму во времето на востаничките движења на балканските народи, означи нов моментум за албанците на почетокот на 20 век. 

Меџите додаде дека како прв вицепремиер му е чест да биде домаќин на официјалните манифестации кои ќе се одржуваат во текот на денот по повод Денот на албанската азбука.

После свечената академија во Владата, како што кажа Меџите ќе се продолжи со Научен симпозиум во Институтот за албанско наследство, доделување на наградата 22 Ноември во Собранието, како и културно уметнички манифестации во Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк