Наезда на црни змии во Велес (Фото)

После Скопје, наезда на змии и во Велес. По социјалните мрежи кружат слики од змии од селата околу Велес, но и во градот по дворовите на куќите.

Змите се црни по боја со црни крлушки на грбот, а нивниот изглед не е вообичаен за змиите кои ги има во земјава. Граѓаните во паника сликаат и пишуваат дека станува збор за отровна змија донесена од некое друго подрачје која почнала да се размножува во земјава.

– Змиите се вчера уловени во Велес, но никој не знае за каква змија станува збор, велат жителите.

Експерите велат дека змијата рибарка живее во Источна Европа и Западна Азија. Natrix tessellata или рибарка е евроазиска неотровна змија.