Connect with us

Македонија

Ќулавкова: Се изопачуваат естетските вредности, зошто треба да се парадира со интимата!?

Академик Катица Ќулавкова вчера на протестот пред Соборниот храм рече дека трансродност е термин кој ги покажува противречностите. Вели дека симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформирала и форсира нешто друго. Академик Ќулавкова рече дека оваа приказна не е наивна. Додава дека се мешаат поимите пол и род.

Време е за сериозен дијалог, а не за примитивни иконографии, рече таа.

Новиот Предлог-закон за родова еднаквост се повикува на правата на жените, но суштински се фокусира на правата на трансродовите индивидуи, посочи академик Катица Ќулавкова во обраќањето на Сенародниот собир пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во организација на МПЦ-ОА.

Се прави конфузија помеѓу поимите пол и род. И во самиот Закон за родова еднаквост се мешаат категориите пол и род, поради што законот не може да биде одржлив. Трансродовата концепција поттикнува променливост на идентитетот. Ги загрозува правата на жената. Конфликтна е и се служи со говор на омраза. Трансродната приказна ги релативира идентитетите, до тој степен што ги укинува, рече Ќулавкова.

Нагласи дека се соочуваме со гранични луѓе и додаде:

Се изопачуваат естетските вредности. И самиот предлог закон предвидува Владата да основа Секретаријат за родова еднаквост и цела една мрежа за спроведување на овој закон проследен со казни и други санкции – нагласи Ќулавкова.

Таа праша и зошто треба да се парадира со интимата. Децата, вели академик Ќулавкова, уште не научиле да се изразуваат, без изградена самосвест, веќе се предмет на едукативно моделирање на умот. Тие не се свесни за замките од промената на биолошкиот пол.

Таа рече дека веќе се чувствуваат последиците и оти е време за сериозен дијалог.

Неолибералниот наратив на виножитото требаше да ги симболизира нијансите на идентитетот, со цел да нема дискриминација, а за жал воведува нова дискриминација – рече Ќулавкова, додавајќи дека маргиналните појави стануваат авангардни.

Таа говореше и за вредностите на Западот, каде, како што рече, се случува позитивна дискриминација по трансродова основа.

Се доделуваат финансии на проекти што ги засегаат трансродовите лица, приоритети на ЕУ стануваат трансродовите инденти, а тоа се бара и од аспирантите за членство и земјите-членки, според Ќулавкова.

Приказната за женските права на опшстествена еднаквост со правата на мажите е тажна приказна, оцени таа, објаснувајќи дека кон крајот на 20-от век таа приказна се поткрепи академски и научно со феминистичките студии. Но овие студии за кратко време се претворија во родови студии, нудејќи нова приказна, маргинилизирајќи го основниот идентитет на жената и мажот. По родовите студии следи приказната на трансродовите идентитети, со што симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформираше, оцени академик Ќулавкова на денешниот собир.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг