Секуларно општетство не значи и безбожно општетство, рече архиепископт охридски и македонски г.г. Стефан, во неговиот говор на собирот пред соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Собирот е во организација на МПЦ-ОА под мотото „Имаме должност“ во знак на протест против законите за родова еднаквост и матични евиденции кои се во процедура на носење.
Поглаварот на МПЦ-ОА во својот говор рече дека не треба да веруваме во подобар свет ако во него нема место за Христос и дека измама е во новиот свет што се обидуваат да го изградат треба да ја наме црквата, свет кој ќе биде рај без бог и ќовекот ќе стане бог.
„И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто се обидуваат да не замолчат со секуларниот карактер на државата. Секуларноста на државата секогаш толкувајќи ја спротивно на Уставот, во кој црквата и останатите верски заедници имаат свое место и загарантирани права. Секуларно општетство не значи и безбожно општество“, рече г.г. Стефан на собирот.
Тој појасни дека црквата нема ништо против секуларниот менталитет на секој човек, но според него тоа не значи дека црквата треба да се изопшти од општествениот живот.
„Свесни сме за намерите на некои организации кои влегова во државните институции и дека работат во подготовка на законите, како овие два во чие изготвување учствуваа. Тие не само што целат да ја секуларизираат Црквата, туку сакаат да ја присилат црквата да зборува на некој јазик кој им е туѓ на апостолите, на светите отци и на светото Евангелие. Самата црква е мајка која во болка ги раѓа свите чеда за живот вечен и царство небесно3, рече г.г. Стефан.
Тој во својот говор рече го разбираат стравот на родителите за нивните деца ако овие закони станат обврзувачки. Тој рече дека овие закони се дел од нова идеолошка пропаганда, со која се подметнува поимот Род, кој се изопачува од она што досега бил.
„Ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи, рекол Христос. А Црквата низ вековите посведочила многу лажни вистини кои на луѓето им ветувале деќа ќе ги ослободат. Вистината секогаш ослободува. Никогаш не покорива и не заплашува. не мора да граби за морална супериорност“, рече г.г.Стефан.
Тој како дел од оваа пропагнада ја гледа и Истамбулската конвенција, за која рече дека под плаштот на заштита на жената ја загрозат токму жената која е столб на семејството и на општеството.
„Јасно и гласно да ја кажеме вистината наспроти професионалните експерти за замена на тези. Со векови во својот поглед кон жената Црквата стои со свештен трепет кон жената, која во кревките раце го држи смеоќниот бог. Пред таа сила треперат и ангелите и луѓето. Таа на своите гради го храни оној што дава храна на сите. Жената мајка ја дава надежта на светот, љубовта. Жената е икона на љубовта. Велат дека ќе ја ослободат жената од стегите на црквата а ја сведуваат на поткатегорија, изедначувајќи ја со мажи кои никогаш нема да бидат жени во вистинска смисла на зборот. На тој начин го искажуваат насилството врз жената“, рече г.г. Стефан во својот говор, и додаде дека верува дека жените не сакаат на тој начин и да бидат ослободени од црквата.
Тој додаде дека црквата е полна со смели, успешни и остварени жени, и дека многу од нив се дојдени и на денешниот собир.
„Во вас ја чуваме надежта за подобро утре, а секогаш кога било најтешко жените стоиеле и достојувале и во евангелието христово и во нашата мекдонска историја и кај сите богољубави народи“, рече г.г. Стефан.
Поглаварот на МПЦ во својот говор се осврна и на образоавнието каде треба да се воведе изучување на родовата еднаквост и сексуално образование. Според него без дозвола од родителите на децата во училиштата им биле делени наставни листови кои промовираат хомосексуалност и истполови бракови. Тој праша до кога содржините во учебниците во образованието ќе бидат диктирани од туѓи центри и туѓи држави, и додаде дека веронауката и црковните предаваќи со години се потценети.
Само од македонското образование е избркан господ, заклучи г.г. Стефан за реформите во образованието.
„Знаеме кој е нашиот господ и робови на луѓе нема да бидеме“, рече г.г.Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА.
Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13
Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.
Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.
Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.
Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.
Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.
АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.
Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.
Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.
АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.
Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје
По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.
Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.
Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.
Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.
Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.