Connect with us

Македонија

Oд утре за сметка од 5.500 денари ќе се плаќаат над 6.000 денари (Видео)

Published

on

Со СДС и ДУИ од 2017 година до денес струјата поскапе за повеќе од 50 %. Не поминува година, а да нема покачување. СДС удира по народот, за да го полни буџетот кој го трошат на тендери и криминали,  рече на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Од утре граѓаните ќе плаќаат поскапа струја затоа што власта го зголемува ДДВто од 10 на 18 %. Покачувањето е само заради тоа што власта сака да собере повеќе пари во буџетот, кој со години го краде. Со утрешното покачување на цената на струјата, а според блоковите кои ги воведоа СДС, граѓаните кои паѓаат во вториот блок ќе плаќаат за 2,88 отсто поскапа струја, во третиот блок зголемувањето ќе биде 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто.

Во просек најголемиот број домаќинства ќе имаат зголемување од 2.88 % и 9.99 %. Тоа би значело дека на сметка од 5.500 денари покачувањето ќе биде над 500 денари. И сметките за јули, наместо како досегашните 5.500 денари, ќе бидат над 6.000 денари. СДС ветуваа поевтина струја, а граѓаните денес плаќаат поскапа струја од било кога порано.

Парите од утрешното покачување ќе завршат во буџетот, но власта на СДС и ДУИ ќе може да ги троши на договори во четири очи и криминални тендери.

И за сиот овој период, додека собираат милиони во буџетот по основи на даноци од сметки за струја, инвестициите во нови енергетски капацитети се нула. Не за џабе и ДЗР  излезе со заклучок дека Македонија нема енергетска одржливост на долг рок.

Инвестициите во енергетиката требаше да се случат уште пред 5 или 6 години, а секое дополнително одложување ќе значи поскапа струја секоја година во година. ВМРО-ДПМНЕ има план за енергетиката, затоа потребни се промени, за ударите по џебот на народот да завршат, рече Митева.

Македонија

[ФОТО] Претрес во Радовиш, пронајдена дрога и цигари со странски бандероли, кривична пријава и притвор за едно лице

Published

on

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Радовиш поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон.

На 17.04.2025 врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш извршиле претрес во стан и помошни простории во кои живее и ги користи А.Е. во Радовиш, при што во гаражата биле пронајдени 36 пакувања со марихуана со вкупна тежина од околу 300 грама, а во станот биле пронајдени 498 кутии цигари со грчки бандероли.

Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Радовиш и во службен разговор признал дека продавал марихуана на лица од Радовиш.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки биле преземени мерки за документирање на случајот, по што А.Е. бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Continue Reading

Македонија

[ФОТО] Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице

Published

on

Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице

На 17.04.2025 во 06.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.В.(21) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од 9 мм, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Гаши: Средбите со активистите се извор на енергија и мотив за понатамошен ангажман

Published

on

Во топла пријателска атмосфера, заедно со претседателот на Алтернатива, мојот пријател Зеќирија Ибрахими, се сретнавме со структурите на Алтернативата во Газибаба и Харачина. Разговаравме за политичките случувања, проектите и плановите кои ќе донесат вистински промени во земјата. Инспиративната енергија на активистите е извор на енергија за нашиот политички ангажман. Оваа средба беше уште еден силен мотив дека нашиот труд вреди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк