Connect with us

Европа

Лавови, зебри и слонови се шетаат слободно низ улиците на Париз (Видео)

Published

on

Диви животни слободно се шетаат низ улиците на Париз, откако голем број од демонстрантите ги пуштија од Зоолошките градини. На видеата по социјалните мрежи се гледаат како лавови, зебри и слонови слободно се шетаат преку ден, но и во ноќните часови низ улиците на француската метропола.

За потсетување, демонстрантите ги ослободија животните, за време на немирите кои се случија низ цела Франција, откако полицаец во Нантер, западно од Париз, застрела 17 годишно момче.

Европа

Германската индустрија губи околу 10.000 работни места месечно

Published

on

Невработеноста во Германија расте, а многу компании, особено во индустријата, планираат да ги намалат работните места. Новите работни места претежно се отвораат во услужниот сектор и често се послабо платени.

Во моментов, 120 супервизори за утовар на авиони работат за Луфтханза на аеродромот во Франкфурт, а планот е да се ангажираат уште 60 оваа година. Луфтханза има намера да вработи околу 10.000 нови работници ширум светот во различни области оваа година – повеќе од половина од нив во Германија.

Меѓутоа, Луфтханза во моментов е исклучок во Германија во овој поглед.

Истражувањето на Институтот за германска економија во Келн (IW) покажува дека само 17 отсто од компаниите ќе вработат повеќе работници оваа година, додека 38 отсто планираат да го намалат бројот на вработени.

Прогнозите во индустријата се особено лоши – 44 отсто од анкетираните компании планираат отпуштања, додека само 14 отсто очекуваат нови вработувања. „Ова значи дека веќе забележаниот пад на вработеноста во германската индустрија ќе продолжи и оваа година“, соопшти IW во Келн.

Бројот на вработени во индустријата до ноември 2024 година бил околу 7,4 милиони, додека во 2019 година бил речиси 7,8 милиони. Ова претставува намалување за околу 350.000 работни места во секторот.

Енцо Вебер, истражувач во Нирнбершкиот институт за истражување на пазарот на труд, веќе извесно време ја следи влошената состојба на пазарот на трудот како резултат на економската криза: „Германија е во економска криза, која сега се повеќе влијае на пазарот на трудот. Невработеноста расте трета година по ред“.

Од 2017 година, стапката на невработеност во Германија е во просек под шест проценти. Минатата година првпат се искачи на шест отсто, додека во јануари и февруари годинава достигна 6,4 отсто.

„Со оглед на економската ситуација и падот на економскиот раст, вработеноста останува на релативно стабилно ниво“, оценува Вебер. Сепак, вели тој, ова може да се припише на фактот што услужниот сектор во моментов компензира за загубите на работните места во индустријата: „Во моментов, различните гранки на економијата се развиваат нерамномерно како ретко досега“. Индустријата е најтешко погодена од кризата: „Месечно губиме повеќе од 10.000 работни места“, вели Енцо Вебер.

Загрозени се околу 70.000 работни места во наредните години во ЗФ, Континентал, Тајсенкруп и Фолксваген. Покрај тоа, Шефлер, Порше, Бош и Форд исто така планираат да укинат илјадници работни места.

Според информациите на Ханделсблат, германскиот производител на автоделови ЗФ, вториот по големина во земјата, размислува за целосно одвојување на својот сектор „Electrified Drive Technology“, внатрешно наречен E-Division. Одвојувањето на овој сектор би влијаело на повеќе од 32.000 вработени или секој петти вработен.

Според истражувањето на институтот Ифо, во јануари 2025 година, само 18 отсто од индустриските компании пријавиле недостиг од експерти, додека во третиот квартал од 2022 година овој процент бил 44,5 отсто.

Генерално, недостигот на квалификувани работници во Германија се намалува. Додека во третиот квартал од 2022 година, речиси половина од сите компании имаа потешкотии да најдат квалификувана работна сила, во јануари 2025 година тој процент падна на 28,3 проценти. Во услужниот сектор потребата се уште е натпросечна – таа е 35,1 отсто.

Сепак, постојат исклучоци – првенствено воената индустрија, која е во процут. Најголемиот германски производител на оружје, Рајнметал, ги зголеми приходите за повеќе од 30 отсто во првите девет месеци од тековната деловна година. Две фабрики кои моментално произведуваат компоненти за цивилни возила наскоро би можеле да се префрлат на производство за воената индустрија.

Некои поранешни вработени во ЗФ веќе најдоа нови работни места во воената индустрија. За Пабло Оле Шмит, сепак, тоа не е опција. Но, ги разбира колегите кои заминаа, бидејќи кризата во ЗФ веќе се чувствува на нивните плати. „Веќе почнаа првите финансиски кратења: бев вработен со договор од 40 часа неделно, но тој договор е веќе раскинат и намален на 35 часа.

Како што е намалена работната недела, така му се намалени и приходите – сега неговата плата е помала за околу 14 проценти. (Извор: СЕЕбиз/Дојче веле)

Continue Reading

Европа

Зеленски ги објави бројките: Еве колку пари заработил украинскиот претседател во минатата година

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека минатата година неговите приходи, заедно со приходите на неговото семејство, изнесувале околу 380.000 евра (15,2 милиони гривни), соопшти прес-службата на неговиот кабинет.

Според соопштението, приходите на Зеленски и неговото семејство во минатата година бележат благо зголемување.

Дополнително, се наведува дека значителен дел од овие приходи потекнуваат од отплатата на обврзниците од домашниот државен заем, што му донело околу 212.000 евра (8,5 милиони гривни). Останатите приходи се состојат од претседателската плата на Зеленски, камати од банкарски депозити и приход од продажба на недвижен имот, кои се проценуваат на околу 167.000 милиони гривни.

Continue Reading

Европа

Овој град во Европа бара градоначалник преку оглас: Еве кои се условите

Published

on

Германскиот град Вагенроге, кој се наоѓа на истоимениот остров во Северно Море, бара градоначалник преку оглас во весниците, пренесува неделникот „Шпигел“.

Три партии, Демохристијанската унија, Социјалдемократската партија и Зелената партија, заедно објавиле ваков оглас.

„Со нас можете да ја обликувате иднината преку оваа одговорна позиција“, се наведува во текстот на огласот објавен денеска во локалниот весник.

Во наредните денови, огласот ќе биде проследен и до други медиуми.

Во огласот се наведени критериумите за кандидатот за градоначалник на Вагенроге – подготвеност да се живее на островот, високо образование, посакувано искуство, како и старосна граница која ја утврдува уставот на покраината Долна Саксонија.

Трите германски партии што го објавиле огласот наведуваат дека во Вагенроге има недостиг од квалификувана работна сила, поради што е речиси невозможно да се најдат кандидати за административни функции.

„Шпигел“ наведува дека овој остров веќе имало позитивни искуства во наоѓањето функционери преку огласи, а на тој начин е најден и сегашниот градоначалник Марсел Фангор пред седум години, по неочекуваната смрт на неговиот претходник.

Заинтересираните кандидати имаат рок за пријави до 14 јуни, а изборите за градоначалник се закажани за 17 август.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк