Connect with us

Македонија

Трагедија на скопска Гинекологија, родилка се фрлила од прозорец

Published

on

Синоќа 39-годишна тукушто породена мајка, според досегашните созанија, се фрлила од први кат на Клиниката за Гинекологија во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

Според сознанијата на Фактор, кои ги потврди и директорката на Клилниката за гинекологија, Викторија Јовановска, повредената пациентка била итно пренесена на КАРИЛ, на Одделот за неврохирургија, каде што ѝ била извршена операција, бидејќи имала тешки повреди на цервикалниот ‘рбет.

Инаку, 39-годишната пациентка, своето бебе го добила преку оплодување со инвитро методата, што покажува дека станувало збор за долгоочекувано и посакувано бебе.

„Во средата била донесена на итно породување, во 36 недела од бремениоста, а од приемот до породувањето поминале само 12 минути, што практично значи дека имала многу лесно породување“, вели за Фактор директорката на Клиниката за Гинекологија, Викторија Јовановска.

Таа родила живо и здраво новороденче од околу 2.400 грама, кое и сега е во добра здравствена состојба.

Со оглед што и мајката и бебето биле добри, за денеска се подготвувале документите за испис од болницата на пациентката и нејзиното бебе, но за жал, пациентката вчера во доцните часови скокнала од првиот кат на клиниката.

Иинформации говорат дека пациентката била сместена во соба со прозорци кои не се отвораат, но таа успеала да скокне од прозорецот во ходникот на клиниката.

Според лекарите, нејзината состојба, по итната операција, сега е тешка, и сѐ уште е рано да се каже каков ќе биде исходот од лекувањето.

Нема информации што ја натерало оваа мајка да скокне од клиниката, а според нашите консултации со лекарскиот тим, точно е дека се појавуваат извесни постпородилни депресии кај одредени мајки, но тие досега биле во многу поблага форма и никогаш немале за последица вака драматичен исход.

Македонија

[ФОТО] Претрес во Радовиш, пронајдена дрога и цигари со странски бандероли, кривична пријава и притвор за едно лице

Published

on

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Радовиш поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон.

На 17.04.2025 врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш извршиле претрес во стан и помошни простории во кои живее и ги користи А.Е. во Радовиш, при што во гаражата биле пронајдени 36 пакувања со марихуана со вкупна тежина од околу 300 грама, а во станот биле пронајдени 498 кутии цигари со грчки бандероли.

Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Радовиш и во службен разговор признал дека продавал марихуана на лица од Радовиш.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки биле преземени мерки за документирање на случајот, по што А.Е. бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Continue Reading

Македонија

[ФОТО] Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице

Published

on

Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице

На 17.04.2025 во 06.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.В.(21) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од 9 мм, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Гаши: Средбите со активистите се извор на енергија и мотив за понатамошен ангажман

Published

on

Во топла пријателска атмосфера, заедно со претседателот на Алтернатива, мојот пријател Зеќирија Ибрахими, се сретнавме со структурите на Алтернативата во Газибаба и Харачина. Разговаравме за политичките случувања, проектите и плановите кои ќе донесат вистински промени во земјата. Инспиративната енергија на активистите е извор на енергија за нашиот политички ангажман. Оваа средба беше уште еден силен мотив дека нашиот труд вреди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк