Connect with us

Македонија

Мехмети: Македонија СЕ МРАЗИ СЕБЕСИ и бидејќи е така е осудена ДА ПРОПАДНЕ!

„Трибуна“: Во Скопје продолжуваат споровите околу вклучувањето на Бугарите во Уставот, заедно со другите етнички заедници. Албанците се наведени во Уставот, но како е да се биде Албанец во * Македонија? На што се должи македонскиот антибугаризам? Дали се Бугарите и Албанците се историски поврзани?

Ким Мехмети: Мојот народ и бугарскиот народ ги поврзува блиската соработка во минатото. Но, оваа вистина ја крие маглата на лажната српска пропаганда, која ја спречуваше оваа соработка и блискост. …Целата оваа поранешна соработка беше намерно прикриена од антибугарските и антиалбанските белградски лаборатории. Белградските „работилници“ на вистината фабрикуваа нови народи и јазици.

Овие „работилници“ произведоа и голема количина на омраза кон Албанците и Бугарите, како и лажен поглед за минатото на народите што живеат овде. Можете да ја промените и да избришете вистината на народите, што е запишана во историските книги, но не можете да ја промените нивната меморија. …

„Трибуна“: Дали е лесно да се биде Албанец во * Македонија денес?

Ким Мехмети: Горд сум што на ниту едно место населено со Албанци не сум видел пароли, кои им посакуваат несреќа на моите сограѓани Македонци. За разлика од многу ѕидови во Скопје, на пример, на кои пишува „Смрт за шиптари“. Не можеш да се чувствуваш добро во земја, која и ја финансираш, но која со истите државни пари издава „Македонска енциклопедија“, во која твојот народ е подложен на навреди. Или кога академици јавно и колективно го навредуваат мојот народ.

Понекогаш имам чувство дека Македонија се мрази себеси и бидејќи е така е осудена да пропадне. И дека во оваа земја се е минливо. Сè уште ми личи на земја, која ја тестира можноста за градење држава врз темелите на омразата кон другиот. Кога го велам ова, не му судам на македонскиот народ, туку на оние кои го легитимираат овој народ – неговите елити. И понекогаш ми поминува помислата дека ако не постоеше омразата кон Албанците и Бугарите, овие елити немаше што друго да прават и врз која основа да ја градат својата „научна“ кариера и општествен статус.

Затоа, ми се чини дека таква земја не може да има иднина, и дека во таква земја не можете да се грижите за она без кое е невозможно да опстане – освен чувството за етничка припадност, но и чувството за припадност кон државата. Ова е чувство кое според мене го нема мнозинството Македонци кои пораснале во суверена и независна Македонија. Ним, како и на нивните родители, им беше всадена српската „вистина“ дека соживот со Албанците и Бугарите не е можен, а државата чиј главен град не се вика Белград не вреди пет пари.

Во Македонија и денес антиалбанизмот и антибугаризмот не само што не се казнуваат, туку се наградуваат. Еве еден пример: многумина од денешните истакнати политичари учествуваа на протести против образованието на албански јазик, каде што креваа пароли и извикуваа „Само мртов Албанец е добар Албанец!“.

Земја која е изградена на омраза кон другите не треба да се грижи за својата иднина, бидејќи ја нема. Земја во која твоето физичко присуство му пречи на другиот, земја која се обидува да го скрие твоето постоење, бришејќи те од Уставот, или во неа навредливо ќе те нарекува „20 проценти“, таква земја еден ден ќе го смени не само името, но и „презимето“ и ќе има минато, но нема да има иднина.

Целото интервју тука

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг