Со развеан шал „Македонија“ на 8.125 метри надморска височина, доктор Кедев на врвот Нанга Парбат (ВИДЕО)

Нашиот најистакнат алпинист, д-р Сашко Кедев, изминатиот викенд го освои деветтиот највисок планински врв во светот – Нанга Парбат на масивот Каракорум во Пакистан, висок 8.125 метри.

Д-р Кедев сега објави фотографии и видео од моментите кога десетчлената експедиција, составена од петмина водичи-шерпаси од Непал и петмина алпинисти од неколку земји, се искачува на врвот.

Кедев ги има искачено седумте највисоки врвови на сите седум континенти, а со искачувањето на Нанга Парбат е поблиску до друго големо остварување – освојување на десетте највисоки светски врвови.