Утрово пукано во таткото на Самоил Костадиновски, киднапираниот внук на Љубе Бошковски

Денеска изутрина во скопската населба Лисиче било пукано во таткото на Самоил Костадиновски, кој исчезна на почетокот од март годинава и од тогаш нема информации за тоа каде е и што се случило со него.

Таткото на Костадиновски, познат и по тоа што е внук на владиниот соработник Љубе Бошковски, според информациите на „Фокус“ околу 8.30 часот добил прострелна рана во пределот на раката. Кон него било пукано додека бил во дворот од својот семеен дом.

Инаку таткото на Костадиновски пред извесно време во јавноста понуди награда за информација која ќе доведе до пронаоѓање на неговиот син.