Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вели дека длабоко се кае за политичката поддршка што тој и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и ја дале на минатите локални избори на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Тој по состанокот на градоначалниците на Скопскиот регион изјави дека по случувањата со неколку дневната криза со натрупаното ѓубре во градот посочи дека очекува одговорност од раководството на градот Скопје.
Ѓорѓиевски исто така истакна дека скопската градоначалничка попусто „брка вештерки“ наместо да го среди проблемот со Комуналната хигиена и побара нејзина оставка, кој како што вели има одговорност пред граѓаните.
„Длабоко се каам и не го кријам тоа дека сум дал политичка поддршка за госпоѓата Арсовска, на човек што го девастираше градот. Но ова што се случува сега ниту било ниту ќе биде видено во Скопје. Јас лично како човек чувствувам длабоко каење што во даден момент сум дал поддршка. Секој човек може да направи грешка, нашава е фатална, и тоа не треба да се заборави, но се надевам и верувам дека нема да се повтори“, изјави Ѓоргиевски.
Градоначалниците од Скопскиот регион бараат од Владата да се вклучи во решавањето на кризата со ѓубрето. По денешниот состанок тие ја повикаа градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да ги го реши проблемот, ако не може таа Владата да им помогне со делегирање на надлежности и со сите ресурси за да се реши проблемот. Тие бараат да се расформира Комунална хигиена и да им се предадат ингеренциите и механизацијата на скопските општини.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска по дводневаната кризна ситуација со ѓубрето низ улиците во недела доцна навечер одржа прес-конференција, на која за проблемот го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Погледнете ги овие политички стаорци кои излегоа на улиците, вчера ниту институциите не можеа да реагираат и тоа е доказ дека правната држава не функционира. Сакам да му порачам на Христијан Мицкоски дека е разобличен вечерва затоа што бескрупулозно создава проблеми за граѓаните кои сака да прикаже дека тој ги решава. Ваквите политичари се најголемо ѓубре. Ние вечерва со чистењето на улиците ќе почнеме со чистењето на ѓубрето, ќе ги чистиме и нив“, рече Арсовска – порача вчеравечер Арсовска.
Таа кажа дека проблемот со несобирањето на ѓубрето го прават мафијашки структури кои веќе неколку дена ја блокираат работата на „Комунална хигиена“ поради лични интереси.
Граѓаните на социјалните мрежи со бројни реакции:
Данелчето дур Скопје тонеше во ѓубре, госпожата викендов во Охрид пловеше со катамаран. pic.twitter.com/M9jp4S1ush
Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици
Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.
Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.
“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.
Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.
Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.
Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.
Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.
Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.
Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.