Connect with us

Балкан

Вистинско чудо! Пожар на поткровје каде живееле свештеници пеплосал се’, освен икона со Богородица и Исус

Published

on

На социјалните мрежи се прошири фотографија, за која се вели дека е од српскиот град Рума, каде деновиве избил пожар на поткровје од зграда каде живееле двајца свештеници.

Пожарот според пишувањата на српските медиуми пеплосал се’, освен икона со Богородица и Исус.

Иконата била речиси недопрена, па случката остави без зборови илјадници корисници на социјалните мрежи.

Балкан

Ендокринолог и професор е новиот мандатар во Србија, Вучиќ очекува нова влада до Велики петок

Published

on

Српскиот претседател Александар Вучиќ го предложи Ѓуро Мацут за мандатар на нова влада, јавија српските медиуми.

Мацут е лекар ендокринолог, дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што е редовен професор. Бил на специјализација за репродуктивна медицина и биологија на Универзитетот во Женева и во Светската здравствена организација.

Од 2015 до 2023 година бил член на Стручниот совет на Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Во моментот е заменик директор на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички болести на Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка од таа функција на крајот на јануари, по напад  врз студенти  во Нови Сад. Српскиот Парламент на 19 март ја констатираше оставката на Вучевиќ, со што падна актуелната влада на Србија.

Рокот за избор на нова влада е 18 април, а Вучиќ е сигурен дека новата владат ќе биде избрана најдоцна во Велики петок.

Вучиќ вечерва изјави дека ситуацијата во регионот е многу тешка, особено политичката ситуација во Република Српска и БиХ и изрази загриженост дека каква било одлука за обид за апсење на Милорад Додик ќе биде катастрофална за целиот регион и за Србија.

Тој во обраќањето во Палатата Србија рече дека затоа е неопходно да се зачува мирот и да не се преземаат избрзани мерки.

Вучиќ најави дека се надева дека во следниот месец ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за воведените царини и да се најде решение за нивно намалување на најниско можно ниво. Тој додаде дека се преземени мерки за воведените царини од 37 отсто и дека за тоа разговара со претставници на САД.

Continue Reading

Балкан

– Заработувам 2.400 евра месечно, отидов во банка да видам колку кредит ќе ми дозволат, тие ме одбија – вели еден Хрват.

Published

on

На коцкарите не им е дозволен кредит во банките во Хрватска

Доколку повремено се обложувате на победа на вашиот омилен клуб преку онлајн обложувалници или спин рулет, а плаќате преку картичка, голема е веројатноста банката да ве одбие доколку аплицирате за заем во нивната филијала.

Со оглед на тоа што обложувалниците заработуваат двојно повеќе од пред четири години, се чини дека поради оваа причина ќе се зголеми и бројот на одбивања на кредитоприматели,  пренесува Блиц.рс.

Continue Reading

Балкан

Над 920.000 Албанци добиле дозвола за престој во ЕУ

Published

on

Стапката на иселување на албанските граѓани во земјите на Европската унија бележи забрзан пораст, покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција Евростат. Минатата година, дури 79.200 албански државјани добиле дозвола за престој по првпат во некоја од земјите членки на ЕУ, што претставува пораст од 4.200 дозволи споредено со 2022 година, кога биле издадени 75.000.

Ова е највисоката бројка од 2010 година досега, што според албанските медиуми, е резултат на засилената миграција по пандемијата со Ковид-19. Вкупно, во 2022 и 2023 година, 154.000 албански граѓани добиле дозвола за престој, најчесто врз основа на договори за работа, особено во Германија, каде административните процедури за добивање дозвола биле значително олеснети.

Од 2008 година, кога Евростат почна да ги следи овие податоци, вкупно 920.000 албански државјани добиле дозвола за престој во ЕУ. Традиционално, Грција и Италија се најчестите дестинации за албанските мигранти, но последните години се бележи значителен раст на миграцијата кон Германија и Велика Британија.

Паралелно со иселувањето, расте и бројот на граѓани кои се откажуваат од албанското државјанство. Според Министерството за внатрешни работи на Албанија, во 2023 година 900 лица се откажале од државјанство, што е за 6 отсто повеќе во однос на 2022 година. Во последната деценија, таа бројка достигнува 6.500, додека податоците на Евростат укажуваат дека во последните дваесет години дури 521.000 албански граѓани ја напуштиле татковината.

Иселувањето, според експертите, станува сериозен социоекономски предизвик за Албанија, особено во контекст на намалувањето на работната сила и демографските промени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк