Јаневска со реaлни шанси да почне да тера интернационална кариера! (Видео)

Деновиве Андријана Јаневска ја израдува веста дека стана единствениот изведувач од Македонија кој влегол во финалната селекција на Zada records – мала продуцентско-промотерска и издавачка куќа во сопственост на композиторот Норман Зада. 

Како што велат имаат значителен буџет за промовирање нови таленти, а  овој натпревар го олеснува учеството и им дава можност на идните ѕвезди да заработат пари и да добијат значително признание дури и ако не победат. Лесно може да се претвори и во ТВ шоу.

Ќе бидат доделени пет награди: 25.000 долари за првопласираниот, 10.000 долари за вториот и 5.000 долари од трето до петто место.

Андријана Јаневска на овој натпревар конкурирала со песната   испеана на англиски јазик: „Broken hearted me“, балада стилски налик на оние кои ге пееа една Мараја Кери или Витни Хјустон, со која успеа да влезе меѓу малкуте финалисти.