Стаорци си се шетаат по улица низ Дебар Маало, откако градот беше затрупан во смет (Видео)

Снимки од староци низ центарот на Скопје се споделуваат на социјалните мрежи. Видеата се направени попладнево, во Дебар маало. Се гледа како стаорците се движат во близина на кантите за отпад. Во позадина се слуша женски глас кој ја коментира појавата. Ова се случува откако изминатите три дена, градот беше затрупан во ѓубре.

„Така е еве ги искочија, супер, таму ти се кантите за ѓубре. Тражевте еве ги стасаа, така треба. Ќе нѐ изедат глувци, страшно“, коментира авторот на видеото.

Стаорци низ Дебар маало, откако градот беше затрупан во ѓубре: Ќе нѐ изедат, страшно

На вчерашната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека директорката Косана Мазнева била во право кога најавила дека граѓаните на Скопје ќе трпат големи штети и дека ќе се појават стаорци низ улиците откако вработените на ЈП „Комунална хигиена“ одлучија да започнат штрајк и да прекинат со работа.

Денеска градоначалничката Арсовска и директорката на претпријатието истакнаа дека состојбата во „Комунална хигиена“ е нормализирана и продолжено е со редовното собирање на смет.