Телма не запира да истражува трагите на белиот Ролс Ројс- Фантом кој менува адреси меѓу фирми чии сопственици се роднини на Али Ахмети или добитници на тендери од државата.
Телма го продолжува истражувањето за семејното бизнис стебло поврзано со лидерот на Али Ахмети. Преку луксузен автомобил, откриваме дека сватот на Ахмети сега има и бензинска пумпа на влезот во Кичево. Веднаш по првите истражувања откако Тхор на Дрин Ахмети почна да ја купува Соравија во центарот на Скопје, луксусзниот автомобил се сели во Тетово на адреса на фирма која добива милионски тендери за пченица за стокови резерви.
На снимката на ФБ профилот на бензинската пумпа на влезот во Кичево, Повер петрол, во модерна реклама, главна улога има белиот Ролс ројс Фантом, вреден над 400 илјади долари, за кој КОД на Телма во неделата објави дека припаѓал на еден од членовите на семејната бизнис на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Снимката е објавена оваа година на 27-ми март, но покажува нешто друго.
Дека белиот ролс ројс со кичевски регистрации е на бензинска пумпа која во тој момент не е во сопственост на некој од големата шема. Бензинската пумпа Повер петрол сега е во сопственост на компанијата Шел оил, а сопственици се во сватовска врска со Али Ахмети, а лани имале и добиена трансакции од фирмата Тхор на Дрин Ахмети, која што ја купува Соравија.
Според податоците на Централниот регистар, на 24-ти април и на 27-ти април оваа година, бензинската пумпа ја сменила сопственичката и управителската структура. Тоа е еден месец откако белиот ролс ројс во фејсбук рекламата точи гориво на пумпата.
Целото истражување на Телма
За бизнисите на кланот на Ахмети проговори и неговиот внук
Од овци преку луксузни вили во Албанија до марихуана
