Дипломатите од ЕУ пак во Македонија се притиска за промена на Уставот ! Ќе попуштиме ли ?

Заканите за изолација од Австрија за ВМРО-ДПМНЕ не се последни, следува огромен притисок од Франција и Германија за уставните измени.

Притисокот врз лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се очекува идната недела кога Ана Лена Бербок и Катрин Колона во нова тројка ќе дојдат во Македонија.

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во емисијата 24 анализа во однос на посетата на министрите за надворешни работи од трите земји истакна дека се пораката на Шаленберг треба сериозно да се сфати и дека следната недела ќе дојде уште една тројка министри за Европа, од Франција, Германија и Полска.

,,Да оставиме тие сами да го најават нивното доаѓање. Мислам дека францускиот дипломат е најважниот дипломат. Франција треба да биде толкувач на овие одредби. Очекувам ако утре било што од ова што го кажувам, ќе ја повикам Франција да Ќе ни се случи сценариото со името и ако прекинеме со преговорите заради неуспешни уставни измени, тогаш ЕУ ќе рече прво да ги решиме односите со Бугарија и да продолжиме. Тоа значи целосно билатеризирање на процесот и дека со Бугарија треба се да решиме. Шансата ни е преку уставни измени веднаш да влеземе во машината, протоколите не се дел од патоказите. Затоа Шаленберг вели ова е последната сериозна билатерална пречка. Бугарија постојано ќе зборува, ќе реагира, но аргумент за да блокира веќе нема. Треба да се повика на нешто. Бугарија постојано може да покренува прашања, а да ги убеди останатите 26 членки, треба да има основ во документите, но ветото нема да е одржливо. Бугарија може да најде било која причина да спречи, да се повика на право, корупција, екологија. Важно е да сфатиме дека ова е последната пречка која неповратно не внесува во процесот на членство во ЕУ. И Преспанскиот договор беше услов за почеток на преговорите за членство”, рече Османи во Анализа со Душица Мрѓа.

Вчера австрискиот министер за надворешни работи му се закани на ВМРО-ДПМНЕ со изолација на Македонија ако не бидат усвоени уставните измени на што Мицкоски одговори без дипломатски ракавици.

Државните да се стават над партиските интереси. Ова е пораката од Европската Унија (ЕУ) упатена и до власта и до опозицијата во земјава. Уставните измени се внатрешно прашање, но без вметнување на Бугарите во Уставот, Северна Македонија ќе застане на патот кон ЕУ, а ќе остане и изолирана, што, пак, би било вистинска штета.

„Истрчавте голем маратон и не треба сега да се сопнете на последната пречка“, порача европската тројка на дипломати од Австрија, од Чешка и од Словачка кои вчера беа во официјална посета на земјава, на предлог на европскиот шеф на дипломатијата Жозеп Борел.

Нагласија дека уставните измени се единствената можност за продолжување на европскиот пат, а до Софија испратија апел да размислува стратешки. Според нив предвремени избори на земјава не и се потребни, бидејќи тие би биле контрапродуктивни.