Connect with us

Македонија

Почина родилката што се фрли од прозорец на Клиниката за гинекологија

Published

on

Синоќа почина 39-годишната родилка Б.М. која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Во меѓувреме немаше други информации освен дека пациентката е во многу критична состојба, а претходно покажала вознемиреност и одбивање да го дои бебето и дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.

На барање на министерот за здравство, Фатмир Меџити, минатата недела формирана е комисија за стручен надзор составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ со задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката. По добивање на извештајот  од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба.

Македонија

Почина Тоше Поп Симонов, музички великан, композитор и продуцент

Published

on

Денеска на ден Велигден почина музичкиот великанот од нашата генерација, Тоше Поп Симонов.  Остави музика и човештина за на век. Не задолжи сите кој соработувавме со него! Секогаш спремен да помогне, да се најде за се нешто, токму во правиот момент, кога мислиш дека цел свет ти пропаднал! Тоше беше тука и невозможното го правеше возможно! Ти благодарам друже за сe!, напиша Петар Георгиевски Камиказа, фронтменот на „Меморија“ на својот Фејсбук профил.

„Последно се чувме пред некој ден и долго зборувавме за неговото здравје, пишува тој. Беше борец и познавач на невозможното кога беше медицината во прашање, поготово последниве неколку години, но….. Но срцето јуначко и големо како планина престана да чука денес напладне. Немам сили да пишувам повеќе бидејки секој збор што ќе го напишам е премал за се она што го направи за сите нас.

Почивај во мир мајсторе над мајсторите и горе меѓу звездите една беседа и песна и да им направиш, за да можат и тие горе да те слават, како ние тука на земјата!!!

Погребот ќе биде во вторник од 11 и 30 до 12 и 30 во капела на градските гробишта во Скопје. До семејството искрено сочуство за огромната загуба!

Не можам повеќе, прости ми мајсторе, а имам цели фермани да пишам, едноставно

Continue Reading

Македонија

Од лето ќе се вози по сосема обновен пат од Охрид до Свети Наум

Published

on

Привршува рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум

Рехабилитацијата на магистралниот пат од Охрид до Св. Наум, во должина од 24,3 километри, е во својата завршна фаза. Проектот, вреден 11,6 милиони евра, се финансира со средства од буџетот на ЈП за државни патишта.

Досега целосно е завршен асфалтниот слој на потегот од граничниот премин со Албанија до Пештани, во вкупна должина од 19 километри. Според најавите, целата траса ќе биде комплетирана до крајот на јуни, навреме пред стартот на туристичката сезона.

Во рамки на рехабилитацијата, заради зголемена безбедност и подобра прегледност на патот, беа расчистени нестабилни карпи и косини, монтирана е челична заштитна мрежа, а на одредени делници е поставена и патна ограда.

Останува да се довршат последните пет километри – делот од излезот на Пештани до хотелот Метропол – како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

„Со рехабилитацијата на оваа важна сообраќајна артерија, не само што ја зголемуваме безбедноста и квалитетот на патувањето до Св. Наум, туку обезбедуваме и значајна врска со соседна Албанија“, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Од Министерството потенцираат дека проектот има пошироко значење – подобрување на патната мрежа во охридскиот регион и зајакнување на туристичкиот и економскиот развој на градот.

Continue Reading

Македонија

Тепачка меѓу девојки во Чаир поради сообраќајна незгода

Published

on

Тепачка помеѓу две девојки во Скопје по сообраќајна несреќа.

Според полицискиот билтен, денеска во 02:10 часот во СВР Скопје, И.Ј.(27) од Скопје пријавила дека околу 01.40 часот на подрачјето на Чаир, по претходна случена сообраќајна незгода, била физички нападната од 32-годишната М.К. од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк