Connect with us

Свет

Роверот Персерванс откри органски соедниненија на Марс

Published

on

Роверот „Упорност“ (Perseverance), кој што беше испратен на Марс од американската вселенска агенција НАСА, пронајде остатоци од органски соединенија на „црвената планета“.

Органските молекули како оние забележани во кратерот Језеро содржат атоми на јаглерод и водород. Тоа се клучните компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата. Но, како што се истакнува, ова не мора да значи дека некогаш постоел живот на Марс. Овие соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини. Сепак, резултатите укажуваат на изненадувачки сложени органски услови за „клучните градива на животот“ во својот зародиш.

„Ова е возбудлива трага за астробиолозите, бидејќи тие (наоди) главно се сметаат за градивни елементи на животот. Важно е да се знае дека, исто така, тие можат да бидат создадени од процеси што не се поврзани со животот каков што го знаеме, така што органските молекули не се доказ за живот сами по себе, без дополнителни докази кои не можат да се објаснат со небиолошки, односно биотски процеси“, изјави еден од авторите на истражувањето, Џозеф Разел Холис од британскиот Природонаучен музеј во Лондон.

Упорност“ е првиот ровер што го истражува кратерот Језеро, а тоа почна во февруари 2021 година. Истражувачите веруваат дека некогаш во кратерот имало езеро, како и делта на реката што се влевала во него. Тоа е еден од најверојатните области во коишто може да има остатоци од знаци на живот на Марс. Следи дополнително истражување на молекулите и нивното потекло.

„Ако овие примероци се пренесат на наше копно во лабораторија, во истражувањата може да се користат поразновидни алатки, како и поголема просторна резолуција со многу поголема специфичност и чувствителност“, велат авторите на написот.

„Досега единствените карпи на Марс што можеме да ги проучуваме на Земјата беа всушност метеоритите. Пристапот до недопрените карпи на Марс, внимателно сместени, складирани и заштитени од контаминација, ќе биде од непроценливо значење за планетарнава наука“, додаде Разел Холис.

Имено, научниците велат дека ќе треба да се почека на мисијата за пренос на примероците на Земјата, наречена „Марс сампл ретурн“ (МСР), којашто би требало да биде допрва испратена оттука, и тоа најрано кон крајот на 2020-тите.

Свет

Путин конечно се огласи во врска со односите со Трамп и Америка, но испрати и сериозна порака до Европа

Published

on

Путин: Русија ја продолжува соработката со САД во вселената, и покрај предизвиците

И покрај моменталните геополитички тензии, соработката меѓу Русија и САД во областа на вселенските истражувања продолжува, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средба со студенти.

„Соработката со Американците во вселената продолжува – сè се одвива според планот, и покрај сè. Европјаните, пак, одлучија да ја прекинат. Тоа е нивен избор,“ изјави Путин.

Тој објасни дека иако некои европски земји ја ограничиле соработката со Русија во оваа област, руската опрема сè уште функционира на европски научни станици и проекти – вклучувајќи ги и оние поврзани со Марс.

„И покрај тоа што нашите европски партнери речиси целосно ја прекинаа соработката, нивните мисии и понатаму користат руска технологија,“ истакна тој.

Русија, според него, има амбициозни планови за истражување на длабокиот вселенски простор, вклучително и Месечината и Марс. Потсети дека Русија е првата земја што слетала летало на планета со температура од 400–500 Целзиусови степени, подвиг што тој го нарече „неверојатен“.

Покрај тоа, Путин најави и засилена соработка со Кина и останатите земји од групата БРИКС – Индија, Бразил и Јужна Африка.

„Имаме големи, интересни и амбициозни заеднички проекти со Кина, но и со останатите партнери од БРИКС. Оваа соработка не само што не престанува – таа не може да престане,“ нагласи рускиот претседател.

На крајот, Путин додаде дека Русија останува привлечен партнер за многу земји кога станува збор за истражувањата на длабокиот вселенски простор, токму поради своите технолошки капацитети и долгогодишно искуство.

Continue Reading

Свет

Се огласи Москва: Владимир Путин со изјава поврзана со заложниците

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека сите лица кои се наоѓаат во заробеништво во Појасот Газа ќе бидат ослободени.

„Се надевам дека сите што се наоѓаат во ваква тешка ситуација, како што бевте и вие, ќе ја добијат својата слобода,“ изјави Путин на средбата со семејството Труфанов во Кремљ.

Претседателот во средата се сретна со Александар Труфанов – државјанин кој неодамна беше ослободен од заробеништво во Газа, како и со неговата мајка Елена и свршеницата Сапир Коен.

Александар, заедно со мајка му Елена, баба му Ирина Тати и свршеницата Сапир, биле киднапирани од страна на палестински милитанти на 7 октомври 2023 година, за време на нападот на југот на Израел. Таткото на Александар, кој бил со нив, трагично го загубил животот во нападот.

Во истиот ден биле киднапирани повеќе од 250 лица, кои потоа биле однесени во Газа. Мајката, бабата и свршеницата на Труфанов беа ослободени во текот на прекинот на огнот крајот на ноември и декември 2023 година.

Александар беше ослободен на 15 февруари годинава, откако помина речиси 500 дена во заробеништво. Путин претходно изјави дека неговото ослободување било овозможено благодарение на блискоисточната политика на Русија и подготвеноста за соработка од страна на раководството на Хамас.

Continue Reading

Свет

[ФОТО] Филмски грабеж во Лос Анџелес: На спектакуларен начин украле речиси 10 милиони долари

Published

on

Насилници пробиле бетонски ѕид и упаднале во продавница за накит во Лос Анџелес, крадејќи стока вредна најмалку 10 милиони долари, вклучувајќи часовници, привезоци и златни синџири, јавува Гардијан.

Грабежот се случил во неделата околу 21:30 часот во продавницата Love Jewels на Бродвеј, во срцето на Лос Анџелес, изјавил полицаецот Дејвид Куелар.

Осомничените влегле во продавницата преку голем отвор што го пробиле од соседниот простор, што е видно на снимките од надзорните камери. Според Куелар, тие копале низ повеќе слоеви бетон за да стигнат до целта.

Токму бројот на провалниците останува непознат, но сите побегнале низ истиот отвор со пикап Шевролет. Грабежот бил откриен дури во понеделник наутро кога вработените дошле на работа.

Првичните проценки сугерираат дека украдената стока вреди околу 10 милиони долари, додека сопственикот на продавницата за локалната ТВ станица КТТВ изјавил дека штетата надминува 20 милиони долари.

Безбедносните снимки покажуваат звук на бушилка и прекинато напојување на камерите. На снимките се гледаат дупки во сефот, превртени витрини за накит и празно шише виски.

На веб-страницата на Love Jewels се рекламираат синџири, обетки и привезоци од злато, додека снимките од социјалните мрежи покажуваат стаклени витрини полни со прстени, часовници и ѓердани.

Полицијата ја пребара областа за отпечатоци и ДНК траги, а повици и прашања за случајот биле упатени до продавницата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк