Детали за убиството на Орхан Бајрами – Оки во Ханиоти, убиен пред очите на партнерката, убијците побегнале со автомобил

39-годишниор Орхан Бајрами – Оки кој беше убиен во раните утрински часови во елитна вила во Ханиоти, е познато име во подземјето и организираниот криминал во Македонија, дошол на Халкидики заедно со уште двајца мажи и две жени, пишуваат грчките медиуми додавајќи дека бил убиениот македонски државјанин бил сопственик на казино и имал бизнис со алкохол.

Во инцидентот е повреден еден од неговите пријатели, Сеад Слезовиќ (45), исто така бизнисмен.

Вориа пишува дека убиството се случило пред очите на двете жени во тој момент, рано утрото околу 3 часот и 30 минути во саботата почнале да викаат помош и потоа заедно со третото лице ги однеле двајцата застрелани во Здравствениот дом Касандра. Петте лица  биле на возраст од 19 до 45 години, сите од Македонија.

Грчката полиција била известена со повик на 112 дека во тој момент се слушнале гласови кои повикуваат помош. Истрели не слушнале пријавителите на настанот.

Кога пристигнале првите полицајци, жртвите веќе биле пренесени во Здравствениот дом.

Возилото не поминало низ ниту една гранична станица, па се вршат опсежни претреси за негово лоцирање во Грција, велат истите грчки полициски извори, но не е исклучена можноста  сторителите да побегнале надвор од границите на Грција користејќи друг начин.

Како и да е, грчката полиција смета дека конкретното возило останува во границите на земјата и по него интензивно се трага, како важен елемент во истрагата за мафијашката егзекуција.

Според последните информации, двајцата сторители откако излегле од автомобилот го прескокнале ѕидот, дошле пред големиот стаклен прозорец и од надвор пукале кон куќата.

Убиството најавено на ТикТок

Најава дека се спрема убиство на Бајрами била објавена на ТикТок минатиот петок.

Поточно, објавена е фотографија со 39-годишникот на која пишува „наскоро доаѓа“, додека луѓето од десно и лево имаат црвен х. Вчера од истиот профил е објавена истата фотографија на која на 39-годишникот му е додаден црвен х, пишува Вориа.

Од начинот на кое е извршено убиството, грчките власти од почетокот претпоставувале дека се работи за договорена егзекуција.

Во овој контекст, тие ја поврзуваат мафијашката егзекуција на 39-годишниот Орхан Бајрами со уште едно убиство пред околу три месеци во Скопје, во „Шиша бар“.

-Неговиот близок пријател, кој наводно припаѓал на лидерската група на групата на Оки, тогаш бил егзекутиран во кафуле со речиси 40 куршуми. Во истиот контекст се испитува дали убиството е поврзано и со уште еден убиствен напад што се случи минатиот месец во Приштина на Косово при што жртвата е уште едно лице близок до 39-годишникот, објави Вориа.

Станува збор за убиството на Бљерим Даци од Чаир кој бил изрешетан со калашников, а безживотното тело е пронајдено во автомобил со македонски регистерски таблици, додека на километар подолу е косовската полиција пронајде запален автомобил со германски регистерски таблици.

Даци бил осомничен за убиството во скопскиот „Шиша бар“ што се случи на 6 март годинава кога со 40 куршуми од калашников се убиени Јетон Кривањева-Жила и Есен Исеинов-Љаци, главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“

Од друга страна, косовските медиуми пишуваа дека Даци бил припадник на криминалната група „Барон“ и како и припадник на Исламистичката држава војувал во Авганистан.

Порталот повикувајќи се на информации од Македонија пишува дека со месеци во Скопје се води војна меѓу криминалните групи на подземјето, при што групата на Оки, Дуѓанџик е цел на ривалска мафијашка група.

Всушност, како што тврдат, 39-годишниот се криел во Грција знаејќи дека тој е следната цел, но требало да се вратат во Македонија во следните 24 часа.