Connect with us

Македонија

НА ДЕНЕШЕН ДЕН по излегување од затвор почина истакнатиот артист Ристо Шишков, кој беше осуден за македонски национализам

Ги издржа неправдата што му ја нанесоа кодошите, пресудата од комунистичкиот режим и затворскиот живот во Идризово, но немоќен беше пред болеста: пред 34 години во Скопје почина истакнатиот македонски артист Ристо Шишков.

Роден е во 1940 година во селото Мрсна, Серско, во Егејска Македонија, во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко минале 4 години затвор на Крит, а во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата-бегалци од Егејска Македонија. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој го минал детството и се школувал.

(Ристо Шишков со синот Васил)

Шишков имал намера да студира атомска физика, но се премислил, па во 1962 година дипломирал на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума.

По двегодишната работа во Југословенскиот драмски театар во Белград, Шишков доаѓа во Скопје и од 1 октомври 1964 година станува член на Драмата на Македонскиот народен театар.

Во својата кариера играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, како и повеќе радиодрами. Добитник е на театарската награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.

Во 1979 година, накодошен, бил обвинет од тогашните власти за навреда на ликот и делото на Јосип Броз Тито и осуден како македонски националист, сепаратист и хегемонист, а на 15 јануари 1980 бил однесен во затворот.

По излегувањето од затворот, по кратко боледување умира на 17 јули 1986 година во Скопје.

Во негова чест, по осамостојувањето на Република Македонија, од 1992 година во Струмица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Артистот Шишков зад себе остави многу брилијантни театарски и филмски улоги, за кои освои голем број награда. Еве некои од нив:

Во 1967 на ФФАО во Ниш, Специјална награда за улогата во „Планината на гневот“, а на истиот фестивал во 1976 година е добитник на Повелба за машка улога во „Најдолгиот пат“.

Шишков оствари и многу улоги во филмската продукција на Македонија:     1966: „До победата и по неа“ (главна улога); 1967: „Каде по дождот“ (споредна улога); 1967: „Македонска крвава свадба“ (главна улога); 1968: „Планината на гневот“ (главна улога); 1969: „Републиката во пламен“ (главна улога); 1971: „Црно семе“ (главна улога); 1972: „Истрел“ (главна улога); 1975: „Јад“  (споредна улога); 1976: „Најдолгиот пат“ (главна улога); 1981: „Црвениот коњ“ (главна улога); 1984: „Нели ти реков“ (главна улога).

На театарската сцената го наследи неговиот син Васил Шишков кој, исто така, почина прерано.

…………………

Во 1992-ра почина македонскиот композитор Стефан Гајдов

На 17 јуни 1992 година во Скопје почина македонскиот композитор Стефан Гајдов, кој е еден од зачетниците на организираниот музички живот во Македонија.

Гајдов е роден на 26 мај 1905 година во Велес. Уште во времето на српската окупација на Македонија бил активен во организирањето на музичкиот живот во Велес и пошироко, со особено внимание кон македонскиот фолклор.

Тој е еден од организаторите на музичкиот живот во Македонија и по ослободувањето од бугарската окупација и периодот по 1945 година. Особено е заслужен е за ширењето на хорскиот аматеризам, а како композитор, покрај другото, е познат по обработката и стилизацијата на повеќе македонски народни песни и автор на петнаесетина учебници за музичко образование.

Денешен поопширно за Гајдов пишуваше на 26 мај годинава, по повод денот на раѓањето, а текстот може да го прочитате ТУКА.

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг