Connect with us

Македонија

Тројца пратеници на ДУИ од утре одат во опозиција, Меџити формира нова партија

Владејачкото мнозинство на Ковачевски и Ахмети губи тројца пратеници и од 64-ца народни избраници ќе се сведе на минимални 61.
Поранешниот потпретседател на ДУИ и актуелен пратеник Изет Меџити, за Сител потврдува дека до собранискиот спикер Џафери заедно со пратениците: Реџепи и Коџаџику, ќе испрати писмо со кое ќе го извести дека повеќе не се дел од пратеничката група на Интегративците и дека тие тројца ќе дејствуваат опозициски.

Меџити од денеска попладне од скопски Чаир почнува и состаноци со своите приврзаници од т.е. огнена група за формирање на нова политичка партија – движење, кое како што вели треба да ја обедини албанската опозиција.

Сепак, Меџити не успеа во своите редови да ги придобие и останатите челници од огнената група со која веќе половина година бара реформи во ДУИ – градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, како и поранешните функционери на ДУИ – Невзат Бејта и Муса Џафери. Тие како што вели Меџити се решиле да делуваат фракционерски во партијата на Ахмети и да се обидат одвнатре да ги поправат работите во ДУИ. За него, таков простор во ДУИ повеќе нема.

И покрај тоа што повеќе нема да е дел од власта, не се исклучува групата на Меџити во Собранието да ги поддржи најавените владини уставни измени, во знак на поддршка на европската интеграција и добар имиџ кај меѓуанродните претставници.

Владата на Ковачевски се соочи со криза во мнозинството пред Нова година, кога го изгуби Павле Трајанов, но најави и влез на Алијанса во Влада, што пак, беше причина од власта да отспаи Алтернатива на Гаши. По влезот на Таравари, мнозинствотот се стабилизира на 64 пратеника.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг